Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Пет совети како да воспитате среќно дете!

Секоја идна мајка сигурно се прашува дали ќе може да му даде на детето сè што му треба? Честопати се наметнува и грижата околу воспитувањето, како и прашањето “дали ќе воспитам среќно дете?”

1. Емоционалната интелигенција кај детето започнува да се развива со развивањето на вашата емоционална интелигенција

Подготвеноста на родителите да бидат родители ќе одигра важна улога во воспитувањето на среќно дете. Непланираната бременост знае да претставува стрес и кај двата родители, а со тоа и кај новороденчето. Детето тоа го чувствува уште пред да дојде на овој свет. Ако родителите го кријат своето расположение пред детето нормално е дека тоа го прават со најдобри намери. Нема сомневање дека детето ќе го препознае лошото расположение, но во своето незнаење може да го протолкува погрешно. Затоа, со детето треба да разговарате отворено за се.

Мерењата покажуваат дека во овие времиња расте когнитивната способност, а опаѓа емоционалната интелигенција. За здрав ментален развој, ваш и на вашето дете, потребно е да знаете како да го решавате проблемот заеднички.

2. И мало дете може да се научи да се носи со своите емоции

Како и емоционалната интелигенција, така и комуникацијата меѓу мајката и детето постои уште од зачнувањето. До двомесечна возраст детето ќе станува се посвесно за својот однос со мајката, а и едната и другата страна ќе се прилагодуваат на потребите на другиот. Токму тогаш е моментот во кој почнувате да го учите детето како да се носи со емоциите. Едно силно чувство кое ниту едно бебе нема да го игнорира е гладта. Кога детето ќе заплаче а мајката го зема на гради, детето јасно разбира дека знае да воспостави комуникација со мајката. Тоа чувство дека мајката е со бебето во тие најрани моменти ќе придонесе да се израсне дете кое ќе знае да се носи со емоциите бидејќи знае дека во најпотребните моменти има некој кој ќе биде со него.

Како детето расте, родителите сè почесто ќе се соочуваат со обиди за манипулации. Секако дека е нормално да дојде до тоа, но клучот за решавање е повторно во рацете на родителите. Плачењето на детето е најефикасен начин да предизвика фрустрација кај родителот, но тогаш е најважно детето што плаче да не го наградувате со прегратки и мазење, бидејќи тоа ќе му прати порака дека неговото однесување е одобрено. Важно е да запамтите дека секое дете има право да ги искаже своите емоции, но во некои  моменти не е допуштена дискусија.

3. Среќното дете ги има задоволено сите човечки потреби

Иако раздразливоста на детето понекогаш ќе ве доведе до лудило, некогаш е потребно да се запрашате за основните човечки потреби на детето. Раздразливоста често е предизвикана како последица на недоволен сон, глад или жед. Многу често се заборава и на количината на вода која децата би требало да ја пијат во текот на денот. Една од најчестите причини за раздразнетост е и дехидрацијата. Децата на возраст од 6-12 месеци би требало дневно да внесуваат од 800-1000 мл течности, а децата од една до две години треба да внесуваат повеќе од еден литар вода на ден.

4. Оптимизмот се учи од родителите

Ако некаде сретнете луѓе кои се посреќни од останатите, веројатно тие се оптимисти. Секој може да биде оптимист, но оптимистите се луѓе  кои овој образец на однесување го научиле уште од најмала возраст, веројатно од своите родители. Оптимизмот е една од одредниците на емоционалната интелигенција, па тоа е област која никако не смееме да ја занемариме во личниот развој, бидејќи ќе одигра голема улога во развојот на вашите деца.

5. Организирајте го заедничкото време

Во секоја возраст на детето важно е да се организира заедничното време. Иако многу родители се презафатени па наоѓаат решенија во цртани филмови, тоа ќе има негативни последици во развојот на детето. Сите експерти се сложни- важно е детето да го оставате пред ТВ што е можно поретко! Во најраната возрат важно е потполно да се ограничи седењето пред екран бидејќи брзото менување на сликите на екранот се многу напорни, особено за децата помали од три години. Некои истражувања покажуваат дека децата до осум години не се во можност да ја издвојат реалноста од фикцијата. Затоа, секојдневното дружење, играта и разговорот треба да бидат задолжителни за воспитување на среќно дете

Прочитај

Wall Street

Пред нешто повеќе од еден месец, таблоидот „New Idea“ напиша дека принцот Хари бара бегство од лошиот брак со Меган Маркл заедно, замислете, и...

Route 66

Ако се појави жолтото светло на таблата со инструменти, што укажува дека вашето возило е во резерва, некои возачи ќе паничат, а некои ќе...

Fine Living

Архитектонската волшебна вила, во кој главниот лик во крими/трилерот ја толкува Ким Бесинџер, е достапна за купување….. Елегантното скалило од леано железо е непогрешливо....

Wall Street

Британската влада доцна во четвртокот објави дека ќе воведе задолжителнен карантин за повратниците од Франција во сабота од 3 часот по полноќ, на британските...