Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Основа на здравата исхрана за време на бременоста

Леб, компири, ориз, тестенини, житарици.

Овие производи ќе ви дадат енергија вам и на вашето бебе, а ќе ви помогнат и при евентуални проблеми со запек и хемороиди, земајќи во предвид дека овие појави се едни од главните проблеми за време на бременоста.

 

Јадете многу овошје и зеленчук.

Целете на разноликост при консумација овошје и зеленчук. Потрудете се во текот на денот да изедете најмалку пет различно и полни оброци овошје и зеленук, за да обезбедите доволно витамини и минерали.

 

Вклучете храна богата со протеини.

Црвено месо, пилешко месо, риба, јајца, грашок, ореви, лешници, бадеми.

Оваа храна е полна со железо, затоа обидете се да изедете барем две порции дневно.

 

Не пропуштајте го појадокот.

Појадокот ја зголемува виталноста, затоа започнете здрав ден за вас и вашето бебе.

 

Јадете многу млечни производи

Млеко, сирење и јогурти. Млечните производи ќе го збогатат вашиот организам со калциум, важен за забите и коските на мајките и бебињата. И, она што е многу важно, купувајте млеко и млечни производи со ниска масленост.

 

Ужината нека биде хранлива

Во првото тромесечје, потребата од ужина е огромна со оглед на тоа што често се соочувате со несвестица. Ужинајте, но сепак погрижете се тоа да биде хранливо. За ужина се препорачува: овошни јогурти со ниска масленост, сусамки, зеленчук, житарици, млечни напитоци, овошно смути и се разбира овошје.

 

Обидете се да јадете по две порции риба секоја недела.

Еден од овие рибини оброци треба да биде мрсен, затоа може да се одлучите за лосос, пастрмка, сардини и сл. Консумирајќи риба на бебето ќе му обезбедите масни киселини кои се есенцијални за развојот на очите и мозокот.

 

Бидете активни и обидете се да одржите здрава тежина.

Во текот на бременоста нормално е да се зголеми вашата телесна тежина за 10-12 килограми. Прекумерното зголемување на телесната тежина може да влијае на вашето здравје и крвниот притисок. Но, исто така не треба да држите диета за време на бременоста затоа што ќе ја ограничите храната за бебето. Затоа, бидете активни, а тоа ќе ви помогне да ја одржите потребната линија и да го подготвите телото за раѓање.

 

Пијте многу вода и други течности

Бремените жени многу побрзо дехидрираат, затоа пијте многу течности, особено вода и пијалоци без шеќер.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement