Дојде бебето и окупирани сте 24 саати на ден. Ама, се чувствувате ли некако осамено и напуштено? Не очајувајте, не сте единствена која запднала во замката на изолацијата. Еве ако да излезете од неа…
Иако долго се спремавте за улогата на мајка,никој не ви спомена дека ќе има денови кога ке се чувствувате како пуст остров среде океан. Објективно гледано, нема ниедна причина зарадикој атреба да сте незадоволни или несреќни, ама тоа глупаво чувство е присутно и неможете да се ослободите од него.
Драги наши, добредојдовте во клубот на осамени мајки, „здружение” кое брои многу членки, а чија адреса нема да ја најдете во ниеден адресар
Повеќето млади мајки нема да се осудат да признаат дека им фали девојачкиот живот, како ни дека мајчинството не им предизвикува деноноќна восхитеност како што веруваа за време на бременоста. Психолозите ова го објаснуваат така што со доаѓањето на бебето од корен се менува животот на младата жена, на што таа мора да се навикне, а за тоа треба време. Меѓутоа, затоа постојат бројни начини да се преброди овој емотивно лош период.
Дружете се со други мајки
Чувставото на осаменост делумно е предизвикан од одалечувањето од пријателките кои немаат деца. Нивниот живот е исполент со работа, забава, излегувања и дружења додека вие се занимавате со доење и менување пелени. Не сте им веќе интересни за во друштво и тоа ве прави несреќна.
За среќа постои друго решение – најдете нов круг на пријателки чиј живот е сличен на вашиот. Тие ќе ги разберат вашите проблеми и ќе ви помогнат да ги надминете. Често се случува да пријателствата создадени во вакви услови остануваат за цел живот. Затоа, останете во контакт со мајките кои сте ги запознале во породилиштето, паркот и слично. Дружете се, разменувајте искуства и ќе видите, осаменоста ќе исчезне.
Забрането молчење!
Немојте незадоволството да го чувате во себе, зборувајте за тоа! Вербалното искажување емоции е битно за психичката стабилност на младата мајка. Меѓутоа, внимавајте кого ќе го одберете за соговорник.
При овој избор важат непишани ама проверени правила. Таа особа мора да биде женско, да има дете, да е ведра и опуштена и да има со што да ве посоветува. За почеток тоа може да биде патронажната сестра, ама не заборавајте и на комшивките и роднините. Најважно од се е да не криете што чувствувате , туку храбро да „исфрлите” се од себе, сите негативни чувства кои ве притискаат. Кога ќе ги поделите со други, ќе се растеретите.
Да живее паркот!
Добро, не сте од оние кои сакаат да се дружат и зборуваат за бебиња. Тоа е нормално и разбирливо посебно ако сте имале тешко породување, пробате да се наспиете или вас едноставно не ве теши фактот што и други жени имаат исти проблеми како и вие. После извесно време во вас ќе се рабуди желбата да излезете од магичниот круг и да зачекорите во светот.
Идеално место за тоа е паркот! Ги има во сите градови и како по правило, полни се со млади жени кои туркаат колички со бебиња. Многу лесно може да се оствари контакт. Доволно е само да се постави прашањето „колку има вашето бебе” и разговорот сам ќе потече…
Не го отфрлајте ги старите пријателки
Одржувајте контакт со пријателките и колегите зошто тие луѓе ви се контакт со вашиот „стар” живот. Покажете иницијатива, побарајте ги на телефон, пратете им СМС или мејл. Бидете во тек со се што се случува на работа и во животот па макар се работело и за трачеви.
И сопругот е тука…
Пред доаѓањето на бебето, бевте само двајца. Сега третиот член прилично го поремети вашето секојдневие и ритам на живот, така да немате време за мали лудостии, допири, нежна љубов (кога и да ви падне на ум). Да, тоа ви недостасува, ама не заборавајте дека може да раговарате кога и да посакате. Штом почнете да се присетувате на убавите моменти и разговарате за нив во вас ќе се јави желба за повторно да ги доживеете. А потоа ќе се нижат идеи како да се спроведете тоа на дело!
Испланирајте бегство
Организирајте некој да ви го причува бебето на неколку саати, а потоа исчезнете! Одете во шопинг, на фризер, маникир или најдете се со пријателките на кафе. Времете кое ќе го поминете мислејќи на друго а не на бебето го регенерира вашиот ум и тело и ве потсетува дека, освен што сте мајка, вие сте и жена.
Полека со работите ноз дома!
Целодневното седење дома и извршување на куќните обврски и грижата околу детето може само да го засили чувството на изолираност. Затоа бидете мудри и замолете некој за помош (мајка, сестра, роднина, пријателка). Така нема да бидете сами, а работата ќе ви биде олеснета. Ако можете да си дозволите ангажирате жена за помош а вие за тоа време посветете си се себеси и на бебето.
Гледајте во иднината
Знајте дека периодот на осаменост нема да трае вечно туку само додека вашето бебе не потпорасне малку. Ако тогаш се одлучите за раѓање на второ дете претходното искуство ќе ви помогне да полесно ги совладате проблемите опишани погоре. Второротките знаат што ги очекува, имаат потврден круг на луѓе за паддршка и не се оптеретени од стравот од неуспех.

You must be logged in to post a comment Login