Нежната бебешка кожа е многу осетлива на студенило и затоа дерматолозите на младите мајки им препорачуваат во зима да обратат на тоа особено внимание.
Кожата произведува помалку себум и затоа е намалена отпорноста на студ па пред да излезете до дома кожата на бебето намачкајте ја со хранлив крем.
– Облекувањето на слоеви е задолжително, но не смее да се претерува. Зимската облека би требало да биде топла, лесна и удобна, од природни материјали, за да може бебето непречено да ги движи рацете и нозете, да се превртува, да ползи. Ако е премногу облечено, движењето ќе му биде отежнато, телото ќе му се загрева брзо, ќе се препотува и ќе стане нервозно.
– Не го облекувајте премногу топло бидејќи топлиот воздух брзо ја суши кожата на бебето, кое не е навикнато на нагли промени на температурата. Просечната температура во собата каде што поминува најмногу време не треба да биде над 20, најмногу 22 степени, советуваат педијатрите.

You must be logged in to post a comment Login