Колку побрзо детето ќе научи да ви помага околу домашните работи, толку побрзо ќе научи да се избори со посериозните работи кои со себе ги носи созревањето и растењето, поради што ќе стане и поодговорен човек. Родителите треба да ги научат децата дапомагаат во домашните работи.
Нема причина своето дете да го поддржувате во неработењето и да го штедите од обврски, бидејќи на тој начин ќе му направите мечкина услуга. Од друга страна, ако го терате да го средува нередот зад себе, ќе го научите на одговорност која во животот може да му биде само плус, никако минус.
Детето само треба да ги собере играчките, но треба да помага и за другите работи. За почеток зададете му едноставни задачи. Неколку трикови децата да се научат да помагаат во домот.
МЕРЕТЕ ГО ВРЕМЕТО
Децата сакаат предизвици. Кажете му на детето дека не може да ги собере играчките за 10 секунди, а потоа мерете го времето додека детето се обидува да покаже дека родителот греши.
НАТПРЕВАР
Родителите и децата треба да се поделат на две екипи и да се натпреваруваат кој побрзо ќе ја сработи зададената задача.
ИГРАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Прво нека се соберат црвените работи, потоа сините, потоа малите, потоа големите и така натаму.
ЛИСТА НА ОБВРСКИ
Малите деца до три години можат да ги стават пластичните садови и лажиците и вилушките во мијалникот или во машината за садови, додека постарите деца можат и ножевите и керамичките садови.
ТАБЕЛА НА ОБВРСКИ
Родителот треба да направи табела со фотографии за секое дете и со илустрации (во вид на фотографиии или цртежи) за нивните обврски.
ИЗВРШУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ВО ЗАМЕНА ЗА СЛОБОДА
Тинејџерите сакаат да бидат независни, затоа родителот треба да им објасни дека луѓето кои се трудат и работат имаат привилегии. Тинејџерите ќе го исчистат домот за малку слобода.

You must be logged in to post a comment Login