Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Најнов тренд: Родители кои гo мразат родителството?

Приказните се малку вознемирувачки, дури и ако немате дома деца. Мајки кои даваат изјави дека го сакаат едното дете повеќе од  другото. Луѓе кои одлучуваат дека не сакаат да бидат со своите деца со полно работно време на родител. Студија по студија покажува дека тие што не се родители се посреќни од тие што се родители.

И најновиот родителски тренд “Родители кои ги мразат родителство” ?

“Кај родителите на мали деца се појавува далеку повеќе депресија, емоционална болка и други негативни емоции, од колку кај оние кои што не се реализирале како родители. И родители со возрасни деца немаат подобра благосостојба од возрасните кои никогаш немале деца”.

Новите студии од страна на Ричард Еибах и Стивен Мок , психолози на Универзитетот на Ватерло во Онтарио, Канада , потврдија дека луѓето го идеализираат родителство со цел да ги оправдаат трошоците -повеќе од $ 200,000 потребни, за да се подигне дете родено во 2007 година до 18 -годишна возраст, според  податоците од американското Министерство за земјоделство.

“Иако одгледувањето на децата во голема мера има негативни ефекти врз емоционалната добросостојба на родителите, родителство често се идеализира како уникатна емотивна улога”, напиша Eибах . ” Имањето на деца е економскo и емоционалнo дејствие. Но тоа не треба да делува на оние кои имаат деца да се чувствуваат негативно. Наместо тоа, родителите со својата родителска улога треба да ги слават своите животи. Треба да веруваат дека финансиските и емоционални придобивки од родителството се значително повисоки од што и да е . . . и тие навистина се. “

Финансиските придобивки на родителството беа многу поинакви пред само неколку поколенија. И нашите очекувања , се исто така многу поразлични. Претходно децата се сметаа како уште еден член кој ќе се вклучи во работата која ќе обезбеди храна за семејството, наместо како мали богатства. Порано младата жена си заминуваше од  домот на нејзините родители, во домот на нејзиниот сопруг и нејзината улога беше да биде мајка и што поскоро  да има деца. Сега, повеќето мажи и жени имаат деца подоцна во животот, а тоа доведува до незадоволство од родителството, едноставно затоа што , нивното семејство е формирано пред да имаат деца и како основа за живот се нивните кариери и нивните финансии. И тие точно знаат од што се откажуваат кога пристигнува подмладокот .

Но, кога станува збор за среќата и родителство , би рекле две работи : Прво, фактот дека ние можеме да се фокусираме толку интензивно на својата лична среќа и преку родителството да сме посреќни од повеќето луѓе во светот. Но,…

“На мајките им е повеќе од потребен здив” …и се истакнува дека интензивниот фокус на нашите деца може да доведе многу мајки да се почуствуваат загрозени од мајчинството. Ние веруваме дека родителите, а особено жените , го доживуваат  родителство  како пречка во нивниот живот, на  три големи работи кон кои се стремат да одговорат, перфекционизамот, мултитаскингот и стресот.

Повелете 10 совети  за мајките, преку грижата  за себе си, да најдат повеќе радост во родителството :

Дозволете си  пауза  кога ќе се почуствувате загрозени.

Запрашајте се! Кои се вашите вистински приоритети?

Запишувајте ги Вашите доживувања . Тоа ќе донесе разјаснување на случките во вашиот живот.

Забавете и уживајте во секој животен момент.

Уживајте во друштвото со вашите деца, на тој начин навистина можете да се поврзете со нив .

Не заборавајте го вашиот сопруг – интимноста е многу значајна во животот !

Излезе надвор од  вашето семејство. Збогатете го животот со дружење со пријателите.

Направите го вашето физичко и ментално здравје приоритет.

Дали е подобро да се стремиме кон повеќе или? Поедноставете сè.

Бидете малку себична – го заслужувате тоа , а тоа ќе ве направи подобро мајка.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement