Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Машки и женски: Разлики во одвикнувањето од пелени

Една од најголемите пресвртници во развојот на детето секако е неговото одвикнување од пелените. Ви ги претставуваме разликите со кои се сретнуваат родителите кај одвикнувањето од пелени кај машите и женските дечиња.

Една од најголемите пресвртници во развојот на детето секако е неговото одвикнување од пелените. За секое дете е потребен индивидуален пристап, односно, не постои тајна на успехот освен труд и упорност кај родителите и децата.

Без разлика колку се трудите еднакво да ги одгледате децата, секое дете ќе биде различно во зависност од полот. Машките веќе од мали нозе покажуваат физичка интеракција со светот, додека девојчињата отсекогаш биле посебно нежни и чувствителни. Поради тоа нервниот систем кај девојчињата созрева порано, па и порано ќе се појави потребата за одвикнување од пелените кај нив.

На момчињата ќе им треба нешто повеќе време и тоа е сосема нормално. Присилувањето на децата за одвикнување од пелените пред самите да се подготвени на тоа ќе има непосакуван спротивен ефект. Машките имаат послаба концентрација па учењето на новите вештини ќе биде значајно потешко отколку кај девојчињата.

Одвикнување кај девојчињата

Со девојчињата треба да се разговара за одвикнувањето. Купете интересна книга која на девојчињата поради интересните ликови ќе им даде дополнителна мотивација да престанат да носат пелени.

Девојчињата имаат многу повеќе прашања отколку момчињата и потрудете се да најдете задоволителен одговор на секое од нив.

Објаснете им го правилниот начин за бришење после уринирањето за да се избегнат можни инфекции.

Пофалете ја за секој обид за одење во тоалет, дури и ако не успее доволно брзо да стигне до тоалет.

Осудата во овие случаи може битно да ја наруши самодовербата на детето, па во тој случај гарантирано е назадување.

Осмислете графикон на кој ќе го бележите успехот во одвикнувањето од пелените.

Одвикнување кај момчињата

Наместо едуцирање преку книги, на машките многу поинтересно ќе им биде одвикнување од пелените со претворање на вршењето на нуждата во своевиден спорт. Во нокширот или шолјата ставете некоја „мета“. Тоа може да биде парче хартија, малку пена за бричење или обоена житарка. Детето при мокрењето треба да го погоди одредениот предмет.

Кај машките назадувањето и застојот во одвикнувањето значајно e почесто и со тоа едноставно треба да се помирите. Доколку оваа недела детето губи интерес, пробајте да го мотивирате. Ако веднаш го вратите во пелени, одвикнувањето ќе биде вратено на самиот почеток.

Како и кај женските деца избегнувајте осудување. Пофалете го детето кога ќе успее и утешете го доколку случајно се случи „незгода“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Фотодерматитис или, како што често се нарекува, “алергија на сонце” е кожна болест која се манифестира кога сте преосетливи на ултравиолетовите зраци. Постојат два...

Four Seasons

Љубителите на мали, тивки места и средновековни села во прекрасна природа, сигурно ќе уживаат во еден таков амбиент сместен на северот на Шпанија, во...

Green Tea

Главни правила! Без разлика дали сакате да изгубите тежина или само да обврнете внимание за здравата исхрана, смутито може да биде од голема корист...

Fool Moon

Веста дека руската манекенка е во врска со американскиот рапер ја шокираше светската јавност, но веројатно никој не е изненаден како поранешниот свршеник на...

Advertisement