Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Какви родители сте: Обични или мудри?

Кога сме биле деца честопати сме им се лутеле на родителите за казните кои ни ги давале, но во тие моменти сме го добивале одговорот „Кога ќе бидеш родител и ти ќе постапиш исто со твоето дете“. Некои од лекциите на нашите родители навистина ни се вртат низ глава кога децата доаѓаат на свет, а воедно се трудиме да ги заштитиме, но и правилно да ги воспитаме. Длабоко во себе знаеме како треба да постапиме, но во нашето секојдневие ни недостига трпение и мудрости за тоа да го исполниме.

Токму затоа постојат разлики меѓу обичниот и мудриот родител. Прочитајте ги следните разлики и потрудете се да бидете најдобриот родител на вашите деца:

  • Обичниот родител е уверен дека целото свое слободно време треба да му го посвети на детето, а при тоа своите интереси ги става во заден план. Мудриот родител е способен самостојно да се грижи за себе, а на тоа ги учи и своите деца.
  • Обичниот родител ја поминува вечерта помагајќи му на своето чедо околу домашната задача. Мудриот родител се придржува до следните стратегии: Детето е задолжено за неговата домашна задача, која или ја направил или не, а при тоа самиот е одговорен за тоа.
  • Обичниот родител се труди да ја исправи кривицата или грешката, купувајќи подароци или давање пари. Мудриот родител редовно му дава џепарлак на детето, кое треба да ги распореди парите на таков начин што самостојно може да си купува работи кои му се потребни, а не се вклучени во семејните сметки.
  • Обичните родители често не се трудат да сфатат зошто неговото дете лошо се однесува, затоа што не го слушаат доволно во одредени моменти. Мудрите родители со сите сили се трудат да го сослушаат, со цел да разберат што се крие зад неговото однесување, а со тоа и да му помогнат.
  • Обичниот родител при воспитувањето на детето има за цел да го воспита во пристоен човек, додека мудриот родител прави сè за да изгради близок однос.
  • Обичниот родител го одгледува детето во атмосфера на попустливост, па дури понекогаш му дозволува и „да му се качи на глава“. Мудриот родител сфаќа дека има потполно право на личен простор, хоби и време поминато без детето. Тој си ги почитува своите граници, но и границите на своето дете.
  • Обичниот родител се труди да го заштити детето од сите животни потешкотии, работејќи го она што тој не мора. Мудриот родител му дозволува на детето да направи грешка, а потоа заедно со него, да дискутира за тоа каква позитивна лекција може детето да извлече од настанатата ситуација.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement