Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Каква вода треба да пие бебето?

Денешните педијатри советуваат дека водата е добро да се воведе во менито на бебето откако ќе стигне до 6 месечна возраст и дека пред тоа најдоброто за здравјето на бебето е мајчиното млеко без да се дава дополнитерлна храна или течности.

Но како што знаеме не сите мајки имаат доволно млеко и многу бебиња мора да бидат хранети со вештачко млеко па затоа е важно да знаеме дали тоа успева да ја задоволи дневната потреба од течности за да биде приближно на она што го добива кога се дои.

Додека наполни 1 година водата што бебето ја конзумира мора да биде преварена со што се дезинфицира, односно се уништуваат патогените за детското стомаче микроорганизми. После 1 година можеме да даваме и непреварена вода но единствено ако е флаширана изворска вода и никако вода од чешма или минерална вода. Минералната вода не се препорачува за деца под 3 години бидејќи концентрацијата на минерали во неа е преголема за детските бубрези.

Ете зошто лекарите препорачуваат малите деца да пијат изворска вода со минерализација под 120 мг на литар и натриум катјони под 20 мг/л. Имено високата концентрација на натриум катјони е причина за задржување на вода во организмот што може да доведе до проблеми со бубрезите, срцето, крвниот притисок. Затоа секогаш читајте ја етикетата пред да купите нов вид вода. На етикетата треба да пишува дали водата е соодветна за доенчиња и мали деца и какво ниво на минерализација и натриумови катјони има во неа.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement