• Сподели на:

Како вашето бебе ви покажува дека ве сака?

___

Секоја мајка сака да знае дека по непреспаните ноќи и целиот ден поминат грижејки се за своето бебе, нејзиното малечко ја сака. Но, да бидеме реални малите бебиња и немаат некој особен начин на кој можат да ја искажат својата љубов. Но дали е тоа навистина така? 

Уште додека се во матката бебињата слушаат, чувствуваат, па дури и можат да ги мириснат своите мајки, па затоа тешко да не се поверува дека бебињата се поврзани со своите мајки од раѓање. Но она што секој родител кој посвоил дете ќе ви го каже е дека билогијата е само еден дел од љубовната приказна. Бебињата емотивно се поврзуваат со луѓето кои им пружаат постојана грижа и внимание. Како што вие и вашето бебе се запознавате, така создавате нераскинлива врска која е многу позначајна од вербална изјава на љубов. Поврзувањето е процес, кога се грижите за вашето бебе тоа се повеќе и повеќе се вљубува во вас и го покажува тоа на свој бебешки начин.

Ве гледа во очи

Новроденчињата сакаат да гледаат во лице, а вашето лице е нивното омилено. Тој длабок поглед е вроден инстинкт за преживување дизајниран така за да привлекува љубов и вниманието од оние кои се грижат за него. Но, исто така е и почеток на љубовта кон вас, моментот кога бебето сфаќа дека вие сте важни во неговиот живот.

Го препознава вашиот мирис

Ако му дадете да одбера помеѓу дузина миризливи рози, и вашата испотена маица, вашето бебе ќе ја одбере маицата секој пат. Дури и бебе старо една седмица ја врти својата глава кон влошката за гради, натопена со млекото на неговата мајка. За новороденчено, ништо не мириса подобро од вас.

Ви се смее

Кога вашето бебе прв пат ќе ја упати кон вас неговата фипнотична насмевка, вие едноставно се топите од радост. Тоа е навистина магичен момент. Ова е најчестиот и најочигледниот начин на кој вашето бебе ви вели: „Те сакам!“

Ви зборува

Своето прво гугање вашето бебе ќе го упати токму кон вас, или пак кон некој друг кој се грижи за него. Вашето бебе нема прво да почне да си зборува самото со себе. Своето прво изговарање на неговиот бебешки јазик, наречен протојазик, вашето бебе го користи за да искомуницира со вас, па затоа одговорете му. На овој начин создавате основа за вистинските разговори кои ќе ги имате подоцна во животот.

Сака да бидете во негова близина

Некаде околу половината од првата година од животот на вашето бебе ќе забележите дека тоа покажува дека е несреќно кога вие не сте во негова близина. Може да прави гримаси со лицето, или пак да почне да плаче кога ќе излезете од собата, а кога повторно ќе се вратите се смее, со што покажува колку е приврзано за вас.

Го копира вашето однесување

Без разлика дали се муртите кога ќе го видите купот со облека за перење, или пак се намевнувате кога вашиот партнер ќе ви подари цвеќе, вашето бебе ќе го прави истото. Ова однесување започнува кога вашето бебе е старо само неколку месеци, но најнагласено е на возраст од 9 до 12 месеци. Ова е знак дека вашето бебе го следи вашето однесување и внимава како вие реагирате.

Ве користи како заштита

Не се изненадувајте ако вашето бебе ја „закопа“ својата глава во вашите гради кога ќе се појави некој нов и непознат. „Вознемиреноста од непознати“ е нормална фаза во животот на вашето бебе, а со тоа што се врти кон вас и ве користи како штит вашето бебе ви покажува дека ве сака, ви верува и ви ја доверува својата безбедност.


Оставете коментар

___