Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Како правилно да го направиме тестот за бременост

Правилната употреба на тестот за бременост е предуслов за добивање на точен резултат. Еве неколку совети за начинот на користење на тестовите:

  • Проверете го рокот на употреба. Ако го имате тестот дома подолго време, прво што треба да направите е да го проверите рокот на употреба. Доколку сте го чувале тестот на влажно место (бањата), тогаш најдобро е да си купите нов.
  • Прочитајте го упатството. Постојат различни тестови за бременост и сите тие се употребуваат на различен начин. Затоа е многу важно пред употребата да го прочитате внимателно упатството. Следете го секој чекор.
  • Направете го тестот наутро со првата урина. Концентрацијата на hCG хормонот е најголема наутро, па најлесно може да се детектира.
  • Немојте да пиете многу течности пред да го правите тестот. Некои жени пијат многу течности за да го зголемат количеството урина, но на таков начин постои ризик да се разводни концентрацијата на hCG.

Доколку пак:

  • Тестот е направен премногу рано. Почекајте за да го направите тестот барем еден ден откако ќе утврдите дека ви доцни менструацијата. Тогаш најрано може да биде уловено присуството на hCG во урината.
  • Тестот не се употребува правилно. Многу е важно да внимавате на посочените инструкции. Ако треба да користите урина во чашка, не го правете тестот доколку поминале 15 минути откако сте уринирале. Не ги чувајте стапчето или лентата предолго потопени во урината. Во упатството на секој тест е точно посочено колку време треба да го чувате потопен и после колку време можете да ги прочитате резултатите.
  • Сте пиеле премногу течности. Консумирањето на големо количество течност непосредно пред употребата на тестот може да придонесе за појавата на лажен негативен резултат, затоа што се намалува концентрацијата на hCG во урината.

Лажен позитивен резултат. Иако се случува многу ретко, може да се добие и лажен позитивен резултат ако во скоро време сте пометнале, сте извршиле абортус или примате лекови кои што содржат hCG.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement