Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Како некои деца речиси никогаш не се разболуваат?

Веројатно во ваша околина има барем едно детенце кое како да е имуно на сите болести од неговите врсници. Неговиот нос никогаш не е затнат, а кашлањето  му е непознат поим.

Дали неговите родители знаат нешто што вие не знаете? Веројатно не е некоја тајна, но сепак тие се придржуваат до овие навики кои го чуваат здравјето.

Од денес пробајте и вие, ништо не губите…

1. Редовно миење на рацете

Малите дечиња немаат навика да ги мијат рацете доволно често, но затоа тука сте вие да ги потсетите. Рацете се мијат по секое доаѓање од надвор, пред јадење и по одење во тоалет. Потребни се 15-20 секунди за темелно измивање, така што не брзајте. Одберете некој рефрен кој трае толку долго и заедно пејте го додека ги мачкате рацете со сапуница.


2. Секојдневни активности на отворено

Без разлика колку е студено, стручните лица велат дека секојдневните умерени активности кај децата ги намалуваат шансите од вирози од 25 до 50%. Активностите на отворено се клучни за добра циркулација, па со нејзина помош телото полесно се бори со инфицираните клетки.


3. Доволно сон

Погрижете се децата да не остануваат будни до доцна и да не се будат прерано, затоа што секој недостаток на сон ги зголемува шансите за настинки за цели 50%. На бебињата им требаат 14 часа сон, додека на децата на предучилишна возраст 11 до 13 часа распоредени во текот на денот.


4. Научете ги да не се допираат по лицето

Вирусите најчесто влегуваат во телото преку носот, устата и очите, па затоа научете ги децата да не се допираат по овие делови. Исто така потенцирајте дека чашата, цевката и приборот за јадење никогаш не се дели со други.


5. Хранете ги здраво

Чинијата полна со зеленчук и овошје е уште еден предуслов за силен имунитет и отпорен организам. Бирајте храна богата со витамин Ц како блокула или портокал, и со витамин Д како на пример туна, житарки и полномасно млеко. Испивањето пробиотик, односно јогурт исто така е корисно за одбранбениот механизам на детето.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement