Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Како најбрзо да го успиете бебето

Постојат најмалку 12 трикови кои може да ги испробате, а еден од нив мора да успее.

 

  1. Избегнувајте контакт со очи – Последно што сакате да направите пред спиењето е да го разиграте бебето. Долгото гледање во очи е една од најстимулативните работи за новороденчето.
  2. Бањање – Топлата вода во комбинација со нежно галење е одлично опуштање за било кој. Исфрлете ги играчките од кадата, зборувајте тивко и нежно со кружни движења масирајте го бебето.
  3. Хранење – Ако вашето бебе е од оние кои се будат кога се гладни, најадете го пред спиење и покрај тоа што пред 1 час јадело. Тоа ќе ви даде дополнително некој час да се наспиете.
  4. Испразнете го креветчето – Исфрлете сè што е непотребно. Играчките не треба да се околу бебето кога спие. Обичен покривач, мала перничка и душекот се сосема доволни за мирен сон.
  5. Мирис – Бебињата лесно се успиваат од неколку капки масло од лаванда, па затоа погрижете се неговата соба да има пријатен и смирувачки мирис. Но, ароматичните масла не се препорачуваат за бебиња под 6 месеци, имајте го тоа на ум.
  6. Моќта на рацете – Кога ќе го спуштите бебето во креветчето, останете таму уште неколку минути. Ставете ги рацете на неговото стомаче, на главата или пак допрете му ги рацете за да го смирите. Понекогаш, само вашата близина знае да направи чудо.
  7. Пижами – Понекогаш дечињата се чувствителни на синтетика, па дури и пижамите може да се причината заради која се будат. Вложете во памучни пижами.
  8. Одржувајте ја температурата – И самите знаете колку сте чувствителни кога ви е потопло или постудено од нормалното. Истото е и со вашето бебе. Се препорачува собната температура во која спие да биде помеѓу 18 и 21 степен.
  9. Изгасете ги светлата – Не ја правете најчестата грешка – не го успивајте со вклучени светла и никогаш не ги вклучувајте ако подолго време не сака да заспие. Ставете темни завеси, оставете дискретно светло и започнете со приспивните ритуали.
  10. Масажа – Бебињата и малечките дечиња побргу заспиваат со масажа отколку со читање приказни, тврди едно американско истражување. Затоа, нежно масирајте му ги рачињата, нозете и грбот, наместо постојано да му зборувате.
  11. Рутина – Познато е дека ритуалите пред спиење му помагаат на детето да разбере дека времето за во кревет пристигнало. Откријте ја навиката која најмногу му одговара и придржувајте се до неа секоја вечер. Доследноста е клучот на успешноста.
  12. Тивко читање или пеење – Не е важно дали ве разбира или не, дали е мало или големо, детето ќе ужива во вашиот смирен тон на гласот.

 

Прочитај

Four Seasons

The Muraka, Maldivi Нема ништо подобро да се избега од реалноста, од вистински луксузен подводен стан. Како дел од островот „Conrad Maldives Rangali“, „The...

Fine Living

Ако некогаш сте посакале да живеете во Бел Ер, ние имаме совршена понуда за вас … Со цена од 16,89 милиони долари, вилата за...

Wall Street

Детали покриени со златен лист и рефлективни панели се главните карактеристики на стилот „Арт Деко“ во овој париски ресторан, кој британскиот дизајнер Џон Велан...

Fine Living

На Бел Ер има многу импресивни мега-вили, но само неколкумина имаат архитектонско значење до таква мера како онаа за која денес зборуваме… Позната како...