Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Како да се преброди зимската бременост

Сигурно сте си мислеле дека е многу полесно отколку во лето, ќе ги избегнете жештините. Но, зимската бременост си има свои предизвици. Еве некои од нив:

1. Дехидрирате

Повеќето луѓе мислат дека бидејки не е жешко лесно е да се избегне дехирдирањето, но не е така. Студениот воздух може да биде навистина сув, а кога ќе влезете од студенилото надвор во затоплена просторија се прегревате и потите.

Решение:

Пијте повеќе вода отколку што мислите дека ви е потребна. Дехидратацијата може да предизвика проблеми кои варираат од вртоглавица, па се до предвремено породување.

2. Надвор не е пријатно

Веројатно најчесто препорачаниот вид на вежба за трудниците е шетањето. Студот може да направи да не сакате да се одвоите од каучот, но имајте на ум дека физичката активност може да ви помогне во намалување на трудничките непријатности и болки, а исто така е добра и за бебето. Немојте да ја занемарувате.

Решение:

Можете да посетувате вежби за трудници. Не само што ќе имате закажано редовни вежби, туку ќе запознаете и нови пријателки кои го минуваат истото што и вие. Исто така намалената изложеност на сончева светлина во текот на зимата може да доведе и до недостаток на Д витамин, па разговарајте со вашиот лекар за евентуална суплементација.

3. Микроорганизмите демнат насекаде

Се плашите да не се разболете сега кога сте бремени и се грижите за здравјето на бебето.

Решение:

Бидете крајно принципиелни во врска со миењето на рацете. Не си го допирајте носот или устата со неизмиени раце. Не знаете какви се бактерии можат да се најдат на копчето од елеваторот. Исто така избегнувајте да бидете во иста просторија со некој што кашла или кива. Доколку се случи тоа гледајте да се извините и што побрзо да излезете, вашето здравје и здравјето на бебето се приоритет.

4. Тротоарите можат да бидат лизгави

Ако тротоарите се подмрзнати сигурно дека се плашите од паѓање, а и треба. Бременоста го менува вашиот центар на гравитација и посклони сте кон паѓање.

Решение:

Носете рамни чизми, кои не се лизгаат. Осигурете се дека чизмите ви даваат потпора на ногата, сега не е време за високи потпетици. Избегнувајте да носите било што претешко. Доколу паднете на стомак посетете го вашиот гинеколог за да се осигурате дека се е во ред, иако во принцип бебето е добро заштитено и компликациите се ретки.

5. Најтоплиот капут не ве собира

Вашиот омилен капут веќе не може да го закопчате. Купувањето гардероба во бременоста може да биде вистинско уживање, но можеби не сакате да потрошите голема сума на пари за нешто што ќе ви биде потребно само неколку месеци.

Решение:

Носете повеќе слоеви облека и врз нив широк џемпер, така ќе ви биде потопло. А широка јакна ќе заврши сосема добра работа. Набавете си топли шал, капа и ракавици. Секогаш на вас имајте и слој со потенка облека, за кога ќе влезете во затоплена просторија да можете да соблечете од горнот слој и да не се прегреете.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement