Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Како да направите точен тест за бременост?

Па девојки, доколку сте се размислувале како тоа мало стапче може да ви каже дали сте бремени или не, еве неколку одговори на најчесто поставуваните прашања.

Како функционира тестот за бременост?

Супстанцата која се мери во тестот за бременост е хормонот ХЦГ (human chorionic gonadotrophin) кој се создава во најраните денови од бременоста. Количеството на хормонот почнува интензивно да се зголемува околу шестата недела од бременоста, за да го достигне врвот помеѓу деветтата и тринаесеттата недела од бременоста.

По колку време по сексуалниот чин треба да купите тест за бременост?

Тестот ќе даде најточен одговор две недели по зачнувањето. Овулацијата е на средина од вашиот циклус (14 ден, ако циклусот ви трае 28 дена) или од прилика 14 дена пред следниот мензис. Спермата може да живее и до пет дена во женското тело, така што постои можност да останете бремени неколку дена пред или по овулацијата (која трае околу една недела за време на циклусот). Останатото време од циклусот помала е веројатноста дека ќе забремените. Ако мензисот ви доцни, и мислите дека сте бремени, а сте добиле негативен резултат на тестот, почекајте неколку дена и тестирајте се повторно.

Дали тестот може да даде неточен резултат, ако сте го купиле пред некое време, а сте го сочувале во бањата?

Доколку тестот бил спакуван и заштитен од прекумерна топлина, можете да го искористите. Една од причините за неточен резултат на тестот е доколку поминал рокот за употреба или не бил правилно сочуван.

Дали и бледа линија на тестот значи дека си бремена?

Да, и бледа линија значи дека тестот е позитивен. Нивото на хормонот ХЦГ не е ист кај сите жени.

Колку време по зачнувањето тестот може да покаже позитивен резултат?

Во упатството на многу тестови пишува дека се точни по првиот ден на доцнење на мензисот. Жените најчесто овулираат на 14 тиот ден од циклусот, значи најдобро е да почекате толку дена за да го направите тестот. Тестот за бременост го мери нивото на хормонот ХЦГ во урината. Логично е кај некои жени да има повисоко ниво, а кај други (кои порано забремениле) пониско ниво. Некои жени, ако се тестираат порано не можат да добијат точен резултат затоа што нивото на хормонот не е доволно високо за да биде покажано на тестот. Затоа најдобро е да причекате барем 14 дена од денот на можното зачнување за да бидете сигурни во точноста на тестот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Green Tea

Фотодерматитис или, како што често се нарекува, “алергија на сонце” е кожна болест која се манифестира кога сте преосетливи на ултравиолетовите зраци. Постојат два...

Four Seasons

Љубителите на мали, тивки места и средновековни села во прекрасна природа, сигурно ќе уживаат во еден таков амбиент сместен на северот на Шпанија, во...

Green Tea

Главни правила! Без разлика дали сакате да изгубите тежина или само да обврнете внимание за здравата исхрана, смутито може да биде од голема корист...

Fool Moon

Веста дека руската манекенка е во врска со американскиот рапер ја шокираше светската јавност, но веројатно никој не е изненаден како поранешниот свршеник на...

Advertisement