Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Како да му помогнете на вашето бебе кога има затнат нос?

Носето на бебето треба да се одршува влажно и продорно. На бебето, како и на возрасните, му пречи кога му е затнат носот, бидејки тогаш треба да дише на уста, и отежнато јаде и спие. Кога носот тече, кожичката околу станува црвена и воспалена, а бришење на носот може да биде тешко за родителите, како и за децата.

Природниот процес на прочистување на носот може да биде нарушен од повеќе фактори

Најчеста причина за затнување на носот се вирусните и бактериските настинки, но понекогаш причината може да лежи во сувиот воздух (кој се јавува поради греење на просториите) или пак недоволното внесување на течности. Дури и кога вирусите и бактериите не се причина за затнување на носот, кога веќе тоа ќе се случи, тие имаат одлична прилика да се размножуваат и да предизвикаат додатен проблем.

Затнатиот нос го отежнува дишењето

Затнатиот нос предизвикува бебето да се чувствува нелагодно, па често станува нервозно, раздразливо, послабо јаде и има потешкотии со спиењето. Доколку настинката трае подолго, поради слабиот апетит бебето може да изгуби од својата тежина и да го намали имунитетот, така што станува поподложно на инфекции, а можат да се јават и други компликации поради намалената отпорност на организмот.

Со што да го чистите носето?

Најдобро е да го чистите носот со физиолошки раствор или со спрееви во чија основа има морска вода. Во случај на настинка, најдобро е да го чистите носот што почесто и со тоа да спречите настинката да се продолжи и да се влоши.

Како да го чистите носето?

Кај малите бебиња најдобро е спрејот да го ставате додека тоа е во лежечка позиција. Кај подолемите пак многу е важно спрејот да се става во правилна позиција. Доколку сакате да влијаете на надразнетата слузница и делот каде што се наоѓаат синусите, најдобро е детето да биде во вертикална позиција. На овој начин ќе ги отворите синусите, а секретот кој се лачи ќе може да се слее нз ноздрвите, така што ќе го смали притисокот и нелагодноста која детето ја чувствува.

Совет +

Кај поголемите деца може да се послужите и со инхалација на пареа, со додаток на камилица во водата.

Капките од корен од слез исто така можат да се користат кога детето има затнат нос.

Одржувајте ја влажноста во просторите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement