Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Како да го научите вашето дете да го користи часовникот?

Децата не го разбираат концептот на броеви, а пресметувањето на времето се сведува баш на броеви. Ние почнуваме од нула, наместо од бројот еден, часот има 60 минути, секоја минута 60 секунди, 24 часа на ден … Потоа , постојат часовници со стрелки, просторот меѓу два броја на часовникот  е пет минути или еден час (во зависност од тоа дали го гледате она што го прават големата или малата стрелка …), а тука се и дигиталните часовници …

Меѓутоа, со почетокот на училиште , повеќето децата имаат доволно знаење за нивната секојдневна животна средина и затоа усвојувањето на овие вештини  станува побрзо и спонтано.

• На предучилишна возраст , не оптеретувајте го детето со математиката. Детето на почетокот не знае доволно математички поими за да може да ги разбере фактите , како тоа дека една минута има 60 секунди, еден час е 60 минути. Наместо тоа, запознајте го со часовникот низ игра.

• Зборувајте со јазикот на детето, за  детето да може да ве разбере. Најдете ги активностите кои детето ги знае, кои се дел од неговиот секојдневен живот , а потоа зборувајте за тоа колку време траат. ” Колку долго јадете сладолед ? “, ” Како долго трае вашиот омилен цртан филм ? “, ” Колку долго спиеме ?” … Вежбајте го сознанието за време, според тоа дали активностите се краткорочни или долгорочни .

• Направете картон часовник со подвижни стрелки. Играјте си . Кога ќе ги поставите стрелките во одредена позиција , разговарајте со вашето дете за тоа што го правите во тоа време од денот. Прашувајте се меѓусебно и одговарајте , додека детето не сфати дека секој ден се случува нешто друго, и често ритамот и динамиката на овие настани зависи од часовникот. “Во колку часот одиш во градинка? “, ” Во колку часот е ручекот? “.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement