• Сподели на:

Како да го научите детето побрзо да чита?

___

Постојат разни програми кои ветуваат дека вашето дете ќе научи да чита, но зошто би давале пари за нив, кога можете да осмислите креативен начинда го научите. Применете ги овие пет совети.

Напишете имиња на работи низ домот

Напишете на лист имиња на работи кои ви се наоѓаат низ домот и залепете ги на тие места. Кога шетате со детето низ дома, подзастанете и читајте што пишува покажувајќи кон објектот. Можете и самите да направите книга, користејќи фотографии од списанија.

Читајте му на бебето од најрана возраст и читајте му често

Набавете книга која одговара на неговата возраст. Книгите можат да бидат скапи, па најдобро е да се зачлените во некоја библиотека или да ги изнајмите. Важно е да читате често.

Бидете пример

Децата учат што да прават гледајќи во нивните родители. Доколку им покажеме дека и самите љубиме да читаме и тие ќе посакаат да читаат. Покажете му колку навистина уживате во читањето.

Постојано разговарајте со него

Кога и да можете разговарајте со детето. Тоа е многу важно за развојот на говорните способности. Повторувајте му често исти зборови, покажувајте му работи изговарајќи ги нивните имиња и опишувајте. Пеете му иста песна, бидејќи децата и малите бебиња сакаат повторување.

Разговарајте како со возрасен човек

Најважно од се разговарајте насмеано и како со возрасен човек. Сите возрасни луѓе се лигават кога ќе видат мали деца, а со тоа нема да ве исперцепираат подобро или да научат нешто. Охрабрете го да се изразува. Децата учат брзо. Искористете ја нивната предност – читајте, пеете песни, разговарајте со нив.


Оставете коментар

___