Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Доење и антидепресиви. Одат ли заедно?

Имено, жените кои користат антидепресиви се многу поуспешни во доењето на своите деца доколу продолжат да ја земаат препишаната терапија.

Доколку идната мајка престане да ја зема терапијата, од страв за своето бебе, помали се шансите дека ќе може да го дои детето подолго од шест месеци, кога ќе се роди, пишува Дејли Мејл.

Студијата тврди дека количината на антидепресиви која доаѓа до системот на бебето е толку мала што е подобро за двајцата мајката да продолжи со терапијата со цел да го задржи млекото и да го намали ризикот од постпородилната депресија.

Користејќи ги податоците од  Данскиот институт за раѓање, тимот од Универзитетот Аделаида од Австрија донел заклучок за жените на кои им биле препишани антидепресиви пред бременоста.

“Пронајдовме дека две третини од жените престанале да земаат антидепресиви кога забремениле или кога требало да дојат”, рекол др. Лук Грезесковиак.

“Третина од нив продолжиле да ги земаат лековите во текот на бременоста и доењето и овие жени имале многу повеќе успех во континуираното доење кое траело подолго од шест месеци”, додава Грезесковиак.

“Жените кои престанале да ја земаат редовната терапија, престанале да го дојат бебето во првите шест месеци”, заклучил тој.

“Количината на антидепресив која се наоѓа во мајчиното млеко е многу ниска. Веруваме дека редовното земање на пропишаната терапија и доењето се добри како за детето, така и за мајката”.

Поголемиот дел од мајкитѕе се борат да донесат правилна одлука, во врска со ова прашање, па можеби токму ова истражување ќе им помогне.

Прочитај