Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Додека бебето спие, најдете време за себе: 9 работи кои секоја мајка треба да ги направи

Тоа што понекогаш сакате да се одморите од сè, не значи дека сте лоша мајка. Кога ќе станете мајка, често може да ја слушнете реченицата: Спиј, кога спие бебето. Сепак, тоа често не е многу изводливо во пракса.

Ако случајно ја имате таа среќа, бебето да заспие во текот на денот, не го користете слободното време за чистење, туку за вистински и ефективен одмор.

Тоа време посветете си го себе и направете ги следниве 9 работи:

1. Легнете на подот и гледајте во плафонот. Почувствувајте ја тишината.

2. Истуширајте се, а потоа вратете се на првиот совет.

3. Проверете ги социјалните мрежи, новостите и пораките. Стапете во контакт со останатиот свет.

4. Наместо набрзина да подготвувате вечера, да чистите и перете, одлучете се за лакирање на ноктите.

5. Поминете неколку минути гледајќи во бебето и внимавајќи на неговото смирено дишење. Тоа и вас ќе ве смири.

6. Отфрлете го чувството на вина од себе. Бидете горда на сè што постигнувате

7. Изедете што сакате од фрижидерот.

8. Јавете му се на сопругот или на некоја блиска пријателка и разговарајте за работи кои не се поврзани со децата.

9. Практикувајте јога.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement