Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Децата треба да одат боси

Иако родителите, плашејќи се од настинка и повреда, не им дозволуваат на децата да излегуваат без обувки, експертите препорачуваат тие да одат боси како најдобар начин за развој на стапалата.

Штом проодат, дечињата имаат изразито слаб мускулен тонус и лигаменти, па родителите многу често се прашуваат постојат ли идеални чевли кои ќе им помогнат за правилен развој на коските, зглобните површини и лигаментите? Според експертите, такви обувки не постојат и затоа е најдобро децата да одат боси.

Имено, ортопедите наведуваат дека детското стапало подобро ќе се развива ако детето оди без обувки што е можно подолго и дека основната улога на чевлите е да штитат од студ.

Со оглед дека во моментов е лето, обувките повеќе не им се потребни на децата. Доколку родителите стравуваат од евентуални повреди, тие би требало да имаат на ум дека детето е доволно заштитено од различни ткива и со кожата, објаснуваат експертите.

„На децата  не им се неопходни обувките за да ги развијат нозете, тие само ги штитат од околината. Од друга страна, одењето без обувки придонесува за зајакнување и координација на мускулите на стопалото“, истакнува директорката на ортопедската хирургија во американскиот научен центар „Западен брег“, Керол Фреј.

Таа не е првиот експерт кој заговара одење без обувки како најдобар начин за развој на детските стапала, а научниците и порано нагласуваа дека тоа е и најдобрата превенција за рамни стапала.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement