Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Дали летот со авион пречи на малите бебиња?

Ако имате бебе и стравувате дека е премногу мало за да се вози со авион, експертите ќе ве утешат со своите ставови.

Доколку детето е здраво и вие сте закрепнале од породувањето, можете да летате и по две недели од породувањето по услов летот да трае не повеќе од два часа.

Предвремено родените бебиња и оние со проблеми со дишењето мора да почекаат малку повеќе пред првото авионско искуство.

Важно е да внимавате на фактот дека постојат ризици од настинки,вируси и грип, бидејќи ќе се наоѓате во затворена кабина, а бебињата кои имаат две недели се далеку поподложни на инфекции одошто 6 месечните.

Доколку го доите, ја намалувате подложноста на инфекции, бидејќи така се снабдува со потребните антитела.

Бебињата главно се непредвидливи посебно во првите две недели, па мајките мораат да имаат на ум дека постои и опцијата од силно плачење кое е безопасно, но им пречи на останатите патници.

Сè на се, експертите тврдат дека авионот не е опасен за новороденчињата, но најдобро е за патувањето да го одложите за 6 месеци, освен ако тоа не ви е неопходно.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement