• Сподели на:

5 начини како да го смирите вашето бебе

___

На секој родител му е тешко кога неговото дете ќе се расплаче, а тој незнае зошто.

Неколку практични совети како да го смирите вашето бебе.

 

Бидете смирени!

За да можете да го смирите бебето, треба прво вие да бидете спокојни! Важно е да сфатите дека не сте вие криви што бебето има напад на плачење и нема причина да очајувате.

Применете го начинот кој вам најмногу ви одговара, а не подразбира конзумирање на алкохолни пијалоци или средства за смирување. Не смеете пред вашето дете да покажувате нервоза, бидејќи на тој начин само ја поттикнувате неговата. На тој начин сигурно нема да ја постигнете посакуваната цел.

 

Држете го бебето во прегратка и лулајте го

Бебињата најчесто престануваат да плачат кога ги земате во прегратка. Но, стручните лице се согласуваат дека не треба да се претерува со примената на оваа метода бидејќи бебето ќе научи да биде постојано во раце.

Лулајте го шетајќи по собата и нежно галете го по грбот се додека не престане да плаче. Колку долго ќе трае тешко е да се претпостави.

 

Одвлечете му го вниманието

Пуштете музика и играјте заедно со него. Дајте му тропалче, пејте и глупирајте се – сето тоа ќе му биде доволно интересно на вашето бебе, па ќе заборави зошто плачело. Доколку ни ова не помогне, ставете го во количка и одете надвор на прошетка. Свежиот воздух најчесто има успивачко дејство!

 

Вклучете го и партнерот

Понекогаш е доволно таткото да го земе бебето во прегратка. Никој не може да објасни зошто е тоа така, но ако бебето престане да плаче не е ни важно!

 

Применете ја методата на игнорирање

Кога ви се чини дека не можете да поднесете како плаче, а сте направиле сѐ за да го смирите, пробајте го следново: легнете го во креветче, подигнете ја оградата, превземете ги сите безбедносни мерки, а потоа напуштете ја собата.

Најверојатно уште повеќе ќе се расплаче. Почекајте некое време, а потоа вратете се во собата. Кога ќе ве види, од среќа ќе престане да плаче. Дури тогаш земете го во прегратка и нежно удрете го по газето. Звучи чудно, но делотворно е!

 

 


Оставете коментар

___