Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Читајте му на вашето бебе

Добро ни е познато дека читањето отвора сосема нов свет не само кај возрасните, туку и кај децата. Но, да не ги изоставиме и бебињата, тие исто така имаат огромна полза од читањето.

Бебињата го учат говорот и говорните способности додека ве слушаат како зборувате. Кога им читате учат дека индивидувалните гласови работат заедно за да формираат зборови и реченици, преку рецептивниот говор. Всушност студии сугерираат дека бебињата на кои редовно им се чита, почнувајки од шестиот месец имаат речиси два пати поразвиен рецептивен јазик од оние на кои не им било читано.

Како што веќе можеби знаете, мозокот на бебето расте од раѓање па се до некаде третата година. Кога му читате на бебето тоа не само што учи да зборува и го учи текот на јазикот, туку се подобрува и неговиот вокабулар.

Исто така имагинацијата е нешто што не треба да се занемари. Книгите содржат слики, приказни и зборови, кои ја развиваат креативноста и природната љубопитност кај децата. Ова води до подобрени мисловни способности, вклучувајки решавање на проблеми и донесување на одлуки.

Затоа родители, читајте им на вашите деца и помогнете им побрзо да се развијат во интелегентни индивидуи.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement