Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

10 начини да ги зголемите шансите за забременување

Секој шести пар има проблем со зачнување, а во повеќе од 40% од случаите, причините се непознати. Ако планирате да го проширите вашето семејство, донесете некои едноставни промени во секојдневните навики.

1.Оставете го алкохолот

Алкохолот може да има негативно влијание на репродуктивниот систем. Дури и мали количини можат да влијаат на менструалниот циклус и да ги намалат шансите да забремените.

Покрај тоа, алкохолот го намалува нивото на тестостерон и квалитетот на спермата. На мажите им е дозволено околу 7,5 дл пиво на ден, а жените не би требало да консумираат повеќе од два пијалока еднаш или два пати неделно.

2. Фрлете се на секс

Заборавете на гледање и пресметување кои се плодни денови. Опуштете се и правете ја “онаа работа” што почесто.

3. Промена во исхраната

Јадете многу свежа органска храна, бидејќи така ќе внесете клучни антиоксиданси и хранливи материи. Цинкот влијае на зрелоста на јајцата, а го има во пилешките гради и оревите. Селен е основна состојка за формирање на спермата и тестостерон, а го има во бразилските ореви, риба, јајца и печурки. Јогуртот, јајцата, свеж лосос, говедско месо, киви, портокали, зелка и аспарагус, даваат витамин Б12 и витамин Ц, кои ја зголемуваат количината на сперма.

4. Внимавајте да ја зголемите тежината

Не е добро да бидете дебели, но ниту прегладнети, ако сакате да останете бремени. Ако вашиот БМИ се намали за 10%, тоа може значително да влијае на шансите да забремените.

5. Оставете ги цигарите

Пушачите почесто имаат проблем со плодноста. Кога пушите, внесувате повеќе од 7.000 хемикалии во организмот, кои се штетни и за овулација и за формирање на спермата.

6. Богат појадок

Богатиот појадок може да биде корисен во борба против полицистични јајници, што е најчеста причина за неплодност.

Многу жени со полоцистични јајници имаат зголемено ниво на инсулин, што доведува до зголемено ниво на тестостерон, што влијае на нередовен месечен циклус.

7. Престанете на време со контрацептиви

По престанокот на земање контрацептивни пилули, може да бидат потребни и шест месеци за организмот да се доведе во претходната состојба.

8. Повеќе вода

Водата е основна состојка во крвта, која ја храни секоја наша келија.

Како што ќе помогне на репродуктивниот систем да проработи, водата помага и кај зголемување на цервикалниот мукус, кој озвозможува полесно минување на спермата.

9. Ослободете се од стресот

Ако сте под голем стрес, тоа може да влијае на намалување на плодноста. Може да дојде до прекин на овулација и до хормонални нарушувања.

Обидете се со длабоко дишење, јога, медитација, масажа и редовни прошетки да се справите стресот.

10. Правете правилни вежби

Умерено вежбање добро е за плодноста, но претерано вежбање може да има негативен ефект. Избегнете исцрпувачки вежби и обидете се со јога, благ пилатес, прошетки и пливање.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement