Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Зошто не уживате во сексот онолку колку што можете?!

Тие, се разбира, не можат да ги прочитаат вашите мисли, така што треба да ја употребите устата и да кажете што ви смета, а што ви се допаѓа…

Ви претставуваме 6 работи на кои би требале да обрнете внимание и веднаш ќе си го решите овој проблем. 

Не знаете што сакате – Проблемот на голем број жени е тоа што тие не знаат што сакаат, или доколку знаат – не знаат како тоа да им го соопштат на своите партнери. Вашите партнери, нормално, не знаат да читаат мисли, па така да, доколку упорно прават нешто што не ви се допаѓа ќе морате да му дадете до знаење. За да станете свесни што ве пали и што би ве довело до оргазам најпрво ќе мора да се запознаете добро себе. Најдобар начин за тоа е мастурбацијата. Не ја доживувајте како “голема работа”, тоа е еден вид на сексуално истражување и запознавање на себе од овој агол, по што ќе знаете многу добро што сакате, пренесува Cosmopolitan.rs.

Страв ви е да не ги повредите чувствата на вашиот партнер – Луѓето се плашат да разговараат за своите желби и фантазии бидејќи не знаат како ќе реагира нивниот партнер на тоа. Поради тоа направете увертира на таквите работи така што ќе почнете со мали чекори. Привлечете им го вниманието каде сакате да ве бакнува или поместете му ја раката каде што би сакале да ве допре и понатаму се ќе се одвива само по себе. 

Постојано глумите – Како мислите да поправите билошто во сексуална смисла доколку вашиот партнер нема идеја ниту дека постои некој проблем, бидејќи вие постојано глумите дека се’ е супер? Доколку ви е непријатно, едноставно тргнете во друг правец. Впуштете се во авантура, бидете отворени да пробате нови работи и со ваквото однесување наведете го партнерот да ве следи, за да можете да се одлободите што е можно побрзо од ваквиот проблем. 

Тремата која парализира – Постојат луѓе кои се многу срамежливи, а кога станува збор за секс, голема е веројатноста дека тие едноставно ќе се заледат. Дознајте зошто ви се случува тоа, истражувајте, опуштете се, вие ги контролирате вашите мисли. Доколку сте нервозни и ви е непријатно имајте на ум дека никој не ве принудува на ништо и дека и вие ја имате истата улога во оваа ситуација колку и тој. Полека, но сигурно, ослободете се и многу ќе уживате. Разговарајте со партнерот и бидете си подршка еден на друг. 

Не сакате да го уништите моментот – Голем број луѓе сметаат дека комуникацијата за време на сексот е непотребна и дека може потполно да го уништи моментот. Но од друга страна, доколку на партнерот му кажете јасно и гласно, едноставно само “појако” тоа е сосема во ред. Морате да знаете дека тоа го правите бидејќи и двајцата сакате. Секако дека треба да кажете што сакате особено доколку сте во занес. Би било смешно тоа да звучи: “Те молам, извини, но ќе бидеш ли љубезен како што си убав и да го правиш тоа малку појако?” и поради тоа морате да бидете директни.

Прочитај

Green Tea

Се разбира, наводнување на растенијата и оптималното ниво на светлина се некои од најважните фактори кои ги одржуваат во живот, но ако сакате да...

Fine Living

Иако е лесно да се придржувате до пропишани мерки како физичка оддалеченост и да носите маска, додека патувате со авион е многу потешко, особено...

Cotton Club

По долгиот годишен одмор, Џенифер Лопез се врати на деловните обврски. Латиноамериканската дива моментално снима видео за нејзината нова песна во Њујорк. Тоа е...

Green Tea

Изложеноста на високи температури и екстремна топлина во текот на подолг временски период може да го постават вашето тело во состојба на прегревање. Ова...