Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Зошто не треба да се обидувате да бидете перфектни во кревет

Дали сметате дека сте лош партнер ако потфрлите во кревет? Дали мислите дека партнерот ќе ве остави поради ова? Научете се да си ги прифаќате несовршеностите…

Филозофот Јан Далаљо смета дека обидот да се биде совршен љубовник е всушност заблуда на модерното време – и нè предупредува дека ова ги разорува врските кои сакаме да ги зајакнеме. „Ова создава парови кои сметаат дека мора да бидат перфектни во кревет, а ако малку потфрлат, размислуваат за крај на врската,“ вели тој. Според него, треба да заборавиме на совршеноста, и да ја прифатиме нашата „несовршена“ врска. Еве зошто:

700-годишното патување до љубовта – и несигурноста

Далаљо забележал дека љубовта, пред времето на ренесансата, претставувала општествена афера. „Секој играл одредена улога, според неговиот пол, возраст и социјален статус, и било потребно само да ја изигра својата улога за да биде сакан и почитуван од целата заедница,“ вели тој. „Помислете на младата жена која морала да остане девица пред брак. Помислете на најмладиот син кој морал да го почитува најстариот син, кој пак морал да го почитува таткото.“ Но, во 13. век, ренесансните мислители од западот започнале да ги предизвикуваат поединците на сомнеж и отфрлање на овие закоравени традиции. „Сега поединците се слободни да го почитуваат или да не го почитуваат секое мислење, секој избор, секој предмет. Но, како резултат на ова, и тие самите се подложни на почит или непочит, на позитивна или на негативна критика.“ Поединците почнале да се натпреваруваат за наклоноста на другите. И оваа борба довела до длабоко вкоренета несигурност. „На слободниот пазар на лични желби, јас преговарам за мојата вредност секој ден,“ вели тој. „Оттука доаѓа немирот на секој современ човек. Тој е опседнат: Дали сум привлечен? Колку сум привлечен? Колку луѓе ќе ме сакаат?“

Невозвратената љубов е во сржта на потрошувачката култура

„Со секое купување, денешните купувачи имаат можност да го искажат својот карактер, пари и добар вкус на потенцијалните љубовници,“ вели Далаљо. „Ние купуваме предмети само за да комуницираме со другите умови. Го правиме тоа за тие да не засакаат,“ вели тој. Според него, она што е навидум поврзаност со материјалните работи, всушност е копнеж за подлабоко поврзување. „Треба да бидам совршен за да ме сака некој.“ Исто така, и нашите потенцијални партнери мора да го држат истиот висок стандард: „Сакам тој/таа да биде совршен/а за да се уверам за својата вредност.“ Всушност, без проблем би ги уништиле нашите материјални работи за да ја добиеме наклонетоста на другите. „Ништо не е помалку материјалистичко, или повеќе сентиментално, од тинејџер кој купил нови фармерки, но потоа ги искинал затоа што Џенифер мисли дека искинатите фармерки се кул,“ вели тој.

Вистинската уметност на заведувањето почнува со шега на своја сметка

Далаљо верува дека постои излез од оваа луда трка за наклонетост, а тој излез почнува со скромно признание: Всушност, сите ние се преправаме – и тоа е во ред. „Да, јас сум бескорисен. Но исто и ти!“ Ова признание нè ослободува од очајниот натпревар со кој сакаме да докажеме дека сме вредни за љубов, и ни го отвора патот кон помирен начин на заведување кој ја прифаќа ранливоста. И како би изгледало ова во врска? На моменти чудно, со многу шеги на своја сметка и смисла за хумор која единствено ќе ја зајакни врската. Зошто? Затоа што хуморот им дозволува на партнерите да се запознаат со меѓусебните несовршености, но исто така и полесно да ги прифатат. „Мислам дека е важно да бидеме свесни за општото преправање што го правиме сите, и така ќе си ги поедноставиме љубовните врски,“ вели тој. Можеби вака ќе ни се намали егото, но ќе се поштедиме од доживотен страв и љубовна болка.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom