• Сподели на:

Знаци кои ви откриваат дека имате работа со квалитетна жена

___

Сигурно во главата веќе имате некои одредени вредности кои една жена мора да ги поседува за да ја наречете квалитетна.

znaci-koi-vi-otkrivaat-deka-imate-rabota-so-kvalitetna-zena-01.jpg

Квалитетната жена пред се е реализирана личност, способна за отворен и посветен однос, а ова се само дел од карактеристиките по кои ќе ја препознаете:

1. Не игра игри

Не се обидува да ве направи љубоморни за да провери дали сте заинтересирани. Неа не и е потребна таква потврда, затоа што не е несигурна и цврсто верува дека љубомората не е тесно поврзана со љубовта. Не сака да ви ги испитува слабостите и да ве тестира, туку да ви пружи шанса да се запознаете и зближите.

2. Нема комплекс на принцеза

Жената која не се смета за слаба и која нема потреба од постојана заштита е онаа на која треба да и се посветите. Таа може да си оди сама дома во било кое време, затоа што тоа го правела и пред да ве сретне вас.

3. Има свој живот

Не ви е постојано на располагање затоа што има обврски – семејни, пријателски и деловни, со кои вие немате апсолутно ништо. Таа нема очајно да ве моли да се запознаете со нејзиниот круг на пријатели и познаници и по секоја цена да ве „влече“ по настани со нив, како што не сака постојано да биде вовлечена во вашиот круг на пријатели. Во ред е да ги знае и да има коректен однос, но блискоста со нив останува само ваша.

4. Можете да ја поканите било каде

Како прво, важно е да не се каете што сте ја викнале некаде. Квалитетната жена ќе најде заеднички интереси со било кој круг на луѓе, без разлика дали сте на журка или возите велосипед во природа.

5. Не се срами кога ќе дојде на ред тема секс

Неа не треба да ја наговарате за да биде интимна со вас. Таа не го користи сексот како оружје. Ако не сака да има секс со вас, тоа нема да се случи, но ако сака, многу добро ќе го дознаете тоа. Сексот за неа е магично доживување, а нешто со што треба да ве манипулира, купи или заведе.


Оставете коментар

___