Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

За губењето на невиноста (За девојки)

Губењето на невиноста е честа тема која ги загрижува и ги плаши младите жени, предизвикува загриженост, па дури и непремостлив страв при секој обид на интимен физички контакт. Целата серија од измислици и митови за вашиот Прв Пат е најверојатната прична за овој страв. Доброто предзнаење и разбирање на сопствената анатомија и физиологија, како и претходна вежба пред “големиот ден” се од суштинско значење за вас за да можете беболно да уживате во губењето на невиноста.

Зблуди во врска со хименот. Повеќето луѓе веруваат дека хименот  е дел од телото кој кога ќе пукне предизвикува болка и крварење кај девојките при првиот сексуален однос. Ова е мит. Хименот е мембрана која го покрива влезот на вагината. Во секој случај, тој во себе има дупка, низ која менструалната крв протекува надвор. Кај девојките во пубертет, хименот може да пукне и во текот на спорт, мастурбација или при вметнување на тампон. Дури и ако не пукне, со текот на времето тој доволно ќе се растегне така што ќе го олесни првиот однос, ќе го направи помалку болен и со многу малку крварење (или дури  без крварење) кога машкиот полов орган ќе влезе во вас. Од друга страна, може и обилно да се крвари. Тоа е исто така природно, па не се плашете.

Зошто тогаш малку боли? Вистина е дека евентуалното пробивање на хименот ќе предизвика многу мала болка и непријатност. Заблудата дека вашата прва ноќ секогаш мора да биде многу болна и непријатна, потсвесно влијае на грчење на мускулите, а со самото тоа ја отежнува и пенетрацијата. Така, во суштина, болката ја предизвикуваат заблудата и нервозата.

Важно е да бидетње сигурни дека сте подготвени да го превземете овој чекор. Доколку одлучите дека не сакате да го направите тоа имате право да кажете “не” и партнерот поради тоа да ве почитува.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement