Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Вистинскиот маж се познава по насмевката на жената до него

Многу се зборува за тоа што всушност представува вистински маж. За едни тој е грубиот мачо, за други – воспитан џентлмен, за трети – ладниот шизик кој не се дава лесно. Според нас сепак вистинскиот маж нема универзален профил. Тој се познава само по едно нешто – насмевката на жената до него.

Ми се случувало да среќавам и млади и постари парови на улица. Нежната половина едноставно сјае. Ете по тоа согледувам дека овие жени имаат човек во вистинска смисла на зборот.

Инаку сум се нагледала и најсташни варјации – мажи кои сметаат дека е супер демонстрација на жената да и залепиш шамар во ресторан. Или пак оние кои ронат солзи на јавни места, надевајќи се дека преку сожалување ќе го постигнат своето. Како и оние на кои не им е проблем да ја остават љубената да пешачи во темницта, бидејќи е лута и не сака да се качи во автомобилот.

И сите тие имаат оправдувања! Ќе ви кажам само едно – тоа да си вистински маж не се гледа по фактот дека не се плашиш да влезеш во бој зарди пријател. Ниту од тоа да заработуваш многу пари и да си самостоен. Затоа што драги момци, вистинскиот критериум е насмевката на жената до вас. Без разлика дали е за еден ден или е љубовта на вашиот живот.

Да и ја отвориш вратата на автомобилот, да ја ислушаш и прегрнеш, да  ги бакнеш нејзините очи полни солзи, да го голтнеш своето его заради неа – тоа не е слабост! Тоа е сила. Огромна сила, која само апсолутниот маж ја поседува.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement