• Сподели на:

Твоите нокти на мојот грб се доказ за нашата тајна игра на задоволства

___

Само ти знаеш како да ме исклучиш од овој свет, да ме натераш да заборавам на сите вистини и сите лаги, да ми ја оттргнеш секоја болка и да ја надминеш секоја тага која некогаш сум ја познавал.

Со тебе не постојат граници, бидејќи ти можеш да ме одведеш насекаде, дури и на места кои не се познати за обичниот човек.

Твоето тело совршено одговара поставено на мојот скут, твоите раце околу мојот врат и твојата растурена коса насекаде се слика која не сакам никогаш да ја заборавам.

Со тебе можам да ја изградам најцврстата конекција на овој свет која на ниту еден начин не може да биде раскината. Ти во моите раце, јас во твоите интимни делови.

Го обожавам тој мирис на потта од нашите тела кои се во таинствена акција во ноќта додека останатите спијат.

Твоите заби се насекаде по моето тело, предизвикани од болката која те тера да заборавиш на сѐ.

Болка која прави твоето тело да дојде до точка на треперење и ти ги возбудува сите клетки, а кожата се наежува од прво до последно влакно.

Ја обожувам твојата воздишка на одобрување, твојот здив на задоволство и твоите перверзни зборови кои ме довикуваат да дојдам и да земам уште.

Умирам за таа твоја безобразна игра во креветот.

Бесрамна, храбра и дрска, така те запознав и не сакав никогаш да престанам да те познавам.

Живеам за ноќите кога нашите две тела ќе се судрат и за таа еротска експлозија која ми ги полнеше батериите за сите наредни предизвици. Ти беше почеток на сите краишта и крај на сите почетоци.

Твоето бело, женско тело кое е неуморно и жедно за уште е моја инспирација за секоја буква во мојата животна приказна.

Твојот допир е она што ми е потребно за да се потсетам зошто ги поднесувам сите глупости кои ги носи животот.

Твоите нокти на мојот грб се доказ за една победа, победа во нашата мала, тајна игра на задоволствата.

Ме погледнуваш и ме тераш да верувам во рајот, ме допираш и сфаќам дека постои доверба на овој свет, бидејќи она што се случува кога нашите тела ќе се допрат е феномен кој ме прави да заборавам на сите проблеми, да те грабнам во мојата прегратка и одново да се најдам во рајот.

И сето тоа, многупати додека не го изгубиме здивот. Потоа заспиваш.

Никогаш не си забележала, но додека заспиваш така уморна, се будам само за да го гледам тоа прекрасно лице кое крие огромно задоволство.

Се допирам на лузните на грбот и сфаќам дека тие се еден доказ за нашата поврзаност, за твојата огромна страст и мојата сила која си поигрува со твоето тело.

Многумина го бараат рајот на погрешни места со погрешни луѓе, јас го најдов рајот со тебе и никогаш не би престанал да го потсетувам.

Би го правел тоа непрестајно одново и одново сè додека не полудам.

Бидејќи тоа е проклетството кое ме снајде, да живеам за тој судир на нашите две тела. Понекогаш знам да застанам и да те опцујам, бидејќи ме зароби со магија која одново и одново ме враќа во твојата удобна постела, како проклетство од кое не можам да најдам спас.


Оставете коментар

___