Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Тајните на женскиот оргазам

120686907

Многу истражувања се обидуваат да ги откријат тајните на женскиот оргазам. Меѓутоа, тоа и понатаму претставува мистерија. Иако голем број на експерти работеле на темата „женски оргазам“ научниците сметаат дека женското сексуално задоволство е преполно со тајни, кои не се во состојба да ги разрешат. Меѓутоа, беа откриени некои сознанија, како способноста на жената да го достигне „врвот“ повеќе пати во текот на еден сексуален чин, а научниците неодамна открија и уште поинтересни факти:

Полов орган – мозок

Научниците забележале дека „целиот оргазам“ кај жените се одвива во мозокот, а сите останати делови само реагираат на неговите наредби. Неколку истражувања покажале дека за време на оргазмот, кај жената реагираат деловите од мозокот кои се поврзани со емоциите. Тоа значи дека за жените е многу важно да бидат ослободени од било какви емотивни бариери (како на пример стравот), за да би можеле вистински да уживаат во сексот.

Моќта на допирот

Истражувањата покажуваат дека допирот игра голема улога во сексуалното возбудување, но и во оргазмот како кај мажите, така и кај жените. Забележано е дека жените на кои им недостасуваат допири за време на сексот, поретко или воопшто не доживуваат оргазам. Доколку мажот не ја допира својата партнерка онака како што таа би сакала, големи се шансите таа да не го почувствува „врвното“ задоволство. За жените, со самиот чин, се потребни емоции за да би доживеале оргазам, а нежните допири се најдобра можна емотивна поврзаност.

Мисионерска поза

Секоја чест на разните пози, но за женскиот оргазам секогаш една е најефикасна, а тоа е мисионерската. Многумина ја нарекуваат досадна, бидејќи веќе илјада пати е видена, но докажано е дека жените најлесно доживуваат оргазам токму во оваа поза. Таканаречената мисионерска поза, каде патнерот лежи врз партнерката, додека таа го „обвиткува“ со нејзините нозе, дава поголем притисок врз клиторисот и ја стимулира Г-точката. Препорачлива е и позата во која жената седи врз мажот, бидејќи така самата ќе може да го стимулира клиторисот.

Повеќекратен оргазам

Постои една работа со која природата ја наградила само жената, а тоа е – повеќекратниот оргазам. До него не е лесно да се дојде, но патот до него не е ниту премногу тежок. Жените кои имаат поголема самодоверба, полесно доаѓаат до повеќекратниот „врв“, додека ситуацијата кај посрамежливите девојки е целосно спротивна. Добра вежба за повеќекратен оргазам е мастурбацијата. Прифатете го своето тело, а потоа препуштете се на огнените игри со вашиот партнер.

Температура

Авторката на книгата за сексуалните задоволства Хилда Хачерсон, препорачува на жените да го загреат телото пред интимните односи, бидејќи топлината доведува до подобар оргазам. Најдобро е да се препуштите на уживањето после топла бања. Тоа ќе го поттикне протокот на крвта во телото и вагината, која, после ова, ќе биде повлажна.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement