• Сподели на:

СОВЕТИ И ТАЈНИ ЗА ЦВРСТА И ДОЛГА ВРСКА

___

За да успее бракот или врската, потребно е двајцата партнери да вложуваат во таа врска, а еве неколку совети од брачни терапевти:

● Заборавете на ситните проблеми и не се навраќајте на некои проблематични теми. Успешните парови секогаш се согласуваат дека малите, секојдневни проблеми подобро е да се игнорираат, бидејќи не вреди тие да бидат причина за долги расправи и водење инает.

● Никогаш не ја потценувајте моќта на комплиментите. Барем еднаш дневно кажете му на вашиот парнер дека цените или почитувате некои нешта кои тој ги прави. Слушајте повеќе, зборувајте помалку. Комуникацијата е 85% слушање и 15 % зборување.Колку повеке слушате , толку повеќе уживате во комуникацијата.
Оставете го мобилниот дома, излезете на прошетка со партнерот , гледајте го во очи и само слушајте. Неверојатно нешто во секоја врска е кога партнерот чувствува дека вистински го слушате што ви зборува.

● Кога ке се појави проблем, секој од партнерите најчесто чека другиот да иницира смирување. Но, што подолго чекате, толку повеќе сте фрустрирани и полошо се чувствувате. Обидете се да бидете вие таа која ќе ја помести работата од мртвата точка.

● Борете се за вашата љубов. Нормално е во подолгите врски и во бракот да дојде до конфиликт. Тоа е секогаш резултат на индивидуалност, разлика меѓу 2 личности со различни размислувања. Многу луѓе се обидуваат да молчат и се повлекуваат за да избегнат конфликт, но луѓето во врска кога-тогаш мора малку да се скараат за некое несогласување. Ако внимателно и промислено му пристапите на проблемот, конфликтот може да донесе нова доза на енергија во вашиот брак или врска, и на тој начин ке имате подлабока и поинтересна врска.

● Убавиот збор е секогаш добредојден. Кажете понекогаш дека го сакате и дека го цените тоа што го прави, како и тоа дека сакате да слушнете негово мислење. Користете благи зборови и нежни изрази, на тој начин комуницирате отворено и со почит, а вашиот партнер ќе се почувствува сакано.


Оставете коментар

___