Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Сите имаме повеќе од само една сродна душа

Тврдам дека имаме повеќе од само една сродна душа.

za-srodnata-dusha-koja-odbrav-da-ne-ja-sakam-01.jpg

Не постои само една душа која е резервирана само за нас.

Ова беше првата лекција која ја научив од мојата прва сродна душа. На крајот од целата љубовна бура, сфатив една работа, нема да бидам до крајот на животот со оваа личност.

Се сеќавам колку тагував дента кога се вери, бидејќи на некој чуден, тврдоглав начин дел од моето срце сè уште одбиваше да прифати дека тој не е личноста со која ќе го поминам целиот мој живот.

Се јавив на мајка и со солзи во очите барав утеха. Ми кажа: „Тој е твојата сродна душа“.

Тогаш сфатив, тоа што не сме заедно засекогаш не значи дека не е мојата сродна душа, не значи дека тој ја изгубил важноста во мојот живот, ниту пак нашата поврзаност.

Нашата поврзаност остана како нешто значајно, нешто на кое секогаш се навраќам кога имам потреба. Кога ми треба да се потсетам што точно сакам од партнерот.

А, што е со другите сродни души? Што е со оние кои ги запознаваме додека сме сами или во врска, но никогаш не завршуваме со нив?

Повеќе од јасно е дека со некои луѓе имаме поголема приврзаност, некаков огин кој не поврзува, но едноставно времето не било вистинско.

Мислам дека е важно секој да го прифати овој факт. Мислам дека е важно да знаеме дека постојат бројни луѓе кои можат да бидат нашите сродни души.

Тоа не значи дека моменталните партнери ги сакаме помалку или дека повеќе нема да сакаме да бидеме во таа врска.

Постојат бројни луѓе кои можат да ни бидат сродната душа.

Тоа се оние луѓе со кои случајно се сретнуваме.

Луѓе кон кои чувствуваме силна поврзаност. Поврзаност која не тера да бараме повеќе. Поврзаност по која го правиме изборот дали подобро да ја запознаеме таа личност или не.

Ова е за оние со кои никогаш не завршуваме.

Оние со кои нема да го поминеме целиот живот заедно, оние со кои никогаш нема да размениме бакнеж, оние кои нема никогаш повеќе да ги видиме. Оние на кои само ја вртиме главата за подобар поглед и љубопитноста „како би било“.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement