Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Што му се случува на вашиот мозок додека имате оргазам

Жените кои мастурбирале во магнетно резонантна томографска машина, од почеток до крај докажале дека оргазмот го осветлува мозокот како бескрајно ѕвездено небо. Еве што се случува во мозокот.

При првиот допир

Сензорот за гениталии во мозокот се вклучува. Клиторисот, вагината и цервиксот стимулираат различни делови од мозокот. Затоа што вагината и клиторисот можат да ве доведат до оргазам, стимулацијата и на двете може да води до поинтензивен оргазам.

Континуирана стимулација

Континуираната стимулација го поттикнува хипокампусот, регион кој може да разбуди сонливи мемории. Исто така е активирана амигдалата која е вклучена во емоционалната експресија и интензивни и позитивни чувства.

Речиси „таму”

На почетокот на оргазам, малиот мозок доведува до тензија во нозете, задникот стомакот, додека предниот кортекс ги вклучува вашите сексуални фаназии. Овие регии од мозокот доведуваат до задоволство.

Екстаза!

Хипоталамусот испушта окситоцин, предизвикувајќи контракции во матката кои генерираат оргазам. Моментот не е целосно физички, се случува и хемиска реакција затоа што телото лачи окситоцин, а центарот за задоволство прима допамин.

По оргазмот

Светилките во мозокот згаснуваат, а вие уживате во истото.

Ако сакате да дознаете повеќе погледнете го видеото на ASAP Science, посветено токму на науката зад оргазмот.

 

 

Прочитај

Green Tea

Се разбира, наводнување на растенијата и оптималното ниво на светлина се некои од најважните фактори кои ги одржуваат во живот, но ако сакате да...

Fine Living

Иако е лесно да се придржувате до пропишани мерки како физичка оддалеченост и да носите маска, додека патувате со авион е многу потешко, особено...

Cotton Club

По долгиот годишен одмор, Џенифер Лопез се врати на деловните обврски. Латиноамериканската дива моментално снима видео за нејзината нова песна во Њујорк. Тоа е...

Green Tea

Изложеноста на високи температури и екстремна топлина во текот на подолг временски период може да го постават вашето тело во состојба на прегревање. Ова...