Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Што ако сексот ви стане досаден?

Сексот е интересен на почетокот на секоја врска но што кога ќе приметите дека страста пополека ја снемува, сексот станува само рутина, а кога го имате ви се чини дека повеќе би сакале да гледате филм или да го планирате остатокот од неделата?

Ако сексот со партнерот станува досаден тогаш треба веднаш да го вклучите црвеното светло. Досадниот секс е знак дека мора да поработите на односите со вашиот партнер.

За да го зачините сексуалниот живот и да ја вратите страста ќе ви понудиме неколку совети:

Најчесто мажите се тие што иницираат секс, но би било добро за промена доколку тоа да го направи жената. Мажите сакаат кога им приоѓаат жените и експлицитно им бараат секс. Како додаток може да се искористи секси долна облека, која не само што ќе го задоволи партнерот, туку ќе направи и жената да се чувствува сексипилно и привлечно.

Општо е познато дека убавата облека ги мами жените. Исто така голем број жени откриле дека сакаат мажи кои носат одело, кошула, кравата или пак скапи часовници. Стручните лица им предлагаат на мажите да ги заменат тренерките со одело и да ја одведат партнерката на романтична вечера.

Предиграта е добра инвестиција. Започнете со неа многу порано пред да се соблечете. Жените честопати велат – колку подолго чекате – толку оргазмот е подобар.

Кога сте заедно, посветете внимание на деталите. Немојте да занемарите ниту еден дел од телото. Жените сакаат нежност и грубост истовремено. Комбинирајте нежни бакнежи со страствени допири. Разбудете ги сите нејзини сетила.

Сексот на јавно место е еден од најжешките кои што можете да си ги дозволите. Кога сте на отворено, рачната работа е најлесниот начин да си го задоволите мажот по кратка постапка.

Оралниот секс во јавен тоалет и во автомобил се едни од омилените, а доколку сте малку похрабри тогаш сексот на хаубата од автомобилот е полн погодок за да му го поматите умот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement