Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Семејните собири се рецепт за среќен живот

Празниците се идеална можност родителите и децата да разговараат за се што не стигнале да зборуваат поради секојдневните обврски. Семејните собири се повеќе од празнични обичаи бидејќи се идеален начин за зацврстување на семејната заедница. Токму на овие средби родителите можат да ги слушнат своите деца и целосно да им се посветат.

Во семејствата кои се засноваат врз добри односи и искрена комуникација, семејните средби имаат терапевтска и образовна функција. Терапевтите често ги советуваат семејствата кои имаат проблеми што почесто да организираат средби, бидејќи тие им даваат на секое семејство посебни обележја, кои се неопходни за секоја заедница.

Семејните собири ја јакнат семејната заедница, децата стануваат свесни дека семејството им е сигурна основа, во која се чувствуваат безбедно и во која ги истражуваат и ги решаваат своите проблеми. Со разговор со родителите децата ги задоволуваат своите потреби. Токму во тоа се крие терапевтската функција на семејството. Важно е родителите овој ритуал на семејно собирање да го воспостават од раѓањето на децата, бидејќи тие така ќе сфатат дека родителите им се секогаш достапни, дека им се најголемата поддршка и дека токму тие ќе ги штитат секогаш.

Традиционалните празници не мора да бидат единствениот момент кога треба да се соберат сите членови на семејството. Важно е семејството секој ден да има некои свои мали обичаи. Ова повеќекратно значење семејните собири го имаат кога во семејството владее хармоничен однос, кога родителите се почитуваат помеѓу себе и кога таквите правилни норми им ги пренесуваат на децата.

Ако атмосферата во семејството е добра, тогаш за никого од семејството собирот нема да преставува формална обврска. Сите ќе се радуваат на тој ден бидејќи сите се расположени, а тоа е многу важно за децата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement