Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Сексолозите тврдат: Постои само едно сигурно решение за помазна кожа

Заборавете на сите скапи креми и третмани за нега на кожата. Кој е наједноставниот начин да имате здрава и мазна кожа? Се разбира ,сексот.

kako-do-zdrava-i-sjajna-koza-lekot-e-pet-pari-01.jpg

,, Сексот е добар за многу работи, а Вашата кожа е дефинитивно една од нив”,вели Ерик Марлоу,клинички и форензички сексолог.

Луѓето постојано зборуваат за сјајот кој го добива вашето лице по сексуалниот однос, како резултат на зголемената циркулација низ телото.

Всушност ширењето на крвните садови предизвикува ,,поплава” од кислород во организмот, што соодветствува со производството на колаген.

Суштината е дека, организмот е како шишенце со најдобриот серум против стареење што можете да го пронајдете на пазарот.

Според дерматолозите, сексот може да помогне во борба против воспаленијата кои се одвиваат во организмот и истите предизвикуваат акни, брчки, и речиси секоја друга непријатна работа која што може да и се случи на Вашата кожа.

Тоа е навистина едноставен процес- сексот го намалува стресот,кој,пак, го намалува хормонот за стрес кортизол кој се лачи во телото, кој помага да се намали воспалението, велат докторите. Тоа значи дека редовниот секс може да ви помогне во постигнувањето блескав младешки изглед и да го испегла Вашето уморно лице.

Сето ова звучи одлично,што доколку во моментов немате партнер за секс? Дали мастурбирањето е исто така корисно? Докторите велат ДА.

,,Сите придобивки се исти и кога мастурбирате и кога имате секс, со тоа што луѓето имаат тенденција да бидат малку порелаксирани кога се самозадоволуваат. ”

Крајната цел, во обата случаи е релаксирањето, а доколку нус ефектот од тоа е кожа со неверојатен сјај, секако дека немаме ништо против.

Во име на убавата кожа и останувањето вечно млади, практикувајте редовен секс или мастурбација.

 

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Uncategorized

2 октомври е најголемиот државен празник на Република Гвинеја. На овој ден, Гвинеја ја прославува независноста од Франција. 2018 е важна година, бидејќи токму...

Совети за Секс и Врска

Ја љубам мојата сопруга и не се срамам да го покажам тоа. Ја сакам наутро, кога е без грам шминка, сонлива и со коса која...

Лице

Сите знаеме дека маскарата не би требало да ја користиме подолго од 6 месеци, колку и да е во добра состојба, а пудрата не...

Совети за Фитнес

Младата студентка Алис Лајвинг пред само година дена се одлучила да живее здраво и со таа одлука се трансформирала во фитнес кралица. Алис имала...