Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Секс совети кои ќе ве зближат но и ќе го излудат партнерот

Вистината е дека сите уживаме во сексот, но често го запоставуваме затоа што не сметаме дека е неопходен и најважен во животот. Поради ова сексот но и врската ни влегува во една монотонија каде се што правиме го правиме по навика и потреба но и поради задоволство. Време да го променете тоа и да ја вратите страста во креветот. 

Еротска масажa

Започнете ја предиграта со еротска масажа. Користете специјално масло за масирање или обично бадемово масло. Загрејте го малку пред да го нанесете на кожата. Со бавни и нежни движења масирајте се заеднички. Дозволете и на фантазијата да владее со вашите постапки.

Врзување

Врзете ги рацете на партнерот или тој нека ги врзе вашите раце над глава. Врзете ги неговите очи или тој вашите. Така сетилата се изоструваат и чувствата се неколку пати поизразени.

Задоволете го апетитот

Хранете се взаимно додека имате секс. Кога храната се приготвува со љубов таа се конзумира на истиот начин и тогаш задоволството е поголемо за голем дел од сетилата.

Користете бавно темпо

Пробајте да водите љубов како првиот пат кога сте го направиле тоа. Само запрашајте се кога беше последниот пат кога имавте навистина страсен бакнеж со партнерот? Сигурно одамна… Време е да го надоместите сето тоа…

Пробајте нешто ново

Пробајте поза што не сте ја правеле претходно или обидете да внесете нешто ново во омилената поза. Имајте секс насекаде, во бања, во кујна, може да гледате порно филм заедно, или да се паркирате некаде после романтична вечера …

Читајте заедно…

Земете книга со љубовни и еротски сцени која ќе го возбуди апетитот во вас и дури можете да пробате нешто ново ако книгата ве инспирира.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement