• Сподели на:

Сакам љубов каква што имаа нашите баби и дедовци…

___

Сакам старомодна љубов каде работите се одвиваат бавно, каде нема сè да направиме веднаш, со најголема брзина. Сакам состаноци, сакам да ја разберам личноста и да ги слушам нејзините приказни, како се однесува во живо, а не на интернет.

sakam-ljubov-kakva-shto-imaa-nashite-babi-i-dedovci-01.jpg

Сакам некој да ми се јави на домашниот телефон. Сакам да поминувам часови во подготвување, играјќи со пријателките. Сакам да дојде по мене и да имам пеперутки во стомакот, додека одам кон него.

Сакам да седиме во ресторан и сериозно да разговараме за важни работи. Не сакам да слушам трачеви и да зборуваме за најновите трендови. Сакам да разговараме за животот и од каде доаѓаме. Сакам да слушнам што има да ми каже, додека седи покрај мене и сакам истото да го направи и за мене. Не сакам да се борам со неговиот мобилен за внимание.

Сакам подоцна да одиме на прошетка, бидејќи вечерата поминала добро. Сакам да одиме под уличните светилки, да се смееме, полни со надеж. Сакам да ме однесе до дома и да ме испрати пред врата, без очекувања веднаш да смениме брзина.

Најмногу од сè, сакам да ми каже што навистина мисли откако ќе ме остави пред врата.

Сакам да ми донесе нешто кога сум болна. Сакам некој кој ќе планира излети со мене без мое знаење. Да ме изненади. Сакам некој кој ќе мисли на романтичните ситници.

Сакам некој кој ќе се бори за нас, кога работите ќе станат потешки, а не да си замине. Сакам некој со кој можам да разговарам за нашите проблеми, бидејќи се неизбежни, но секогаш можат да се решат.

А, покрај желбите кои ги имам, имам и многу љубов која сакам да ја дадам.

Сакам да му направам утринско кафе и појадок. Сакам да го изненадувам со мали романтични гестови, подеднакво како што сакам и да ги добивам. Сакам да се грижам за него кога е болен. Сакам да му испраќам мали пораки на парче хартија и да му ѕвонам, тогаш кога го нема.

Сакам некој кој сака љубов која ја имале нашите баби и дедовци, бидејќи она што научив од нив е дека успева.


Оставете коментар

___