Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Причините што ги тераат мажите да изгубат интерес за вас!

Дали ви се случило да флертувате со супер момче, се да оди според планот, а следното утро да се однесува студено со вас? Или пак да си фатите дечко, кој само после броени денови ќе ве откачи без да ви е јасно зошто? И во двата случаи причината е само една – тој изгубил интерес. А еве и кога најчесто се случува ова:

Јасна сте му како бел ден

Премногу зборувате за себе, ги споделувате најличните мисли и моменти од својот живот. Има еден многу интересен совет кој гласи, дека секоја жена треба да има минимум три тајни скриени од партнерот, без разлика колку долго се заедно. Ние ќе додадеме уште еден: сервирајте му ја информацијата голтка по голтка. Постојано мора да има нешто во вас, што ќе го копка да го открие.

Страв од обврски

Тука вината не е ваша, па затоа не брзајте да критикувате. Не знаеме дали вистинскиот збор е страв, но голем дел од мажите не се спремни за сериозна обврска. Најлесниот начин да откриете дали тоа е причината за губење интерес следете го неговото однесување. Ако постојано се врти околу нови девојки, но и не ве игнорира сосема, значи си имате работа со плејбојче.

“Препаметна“

Ако сметате дека мажите паѓаат на интелигентни жени, ќе сте во право, но само донекаде. Вистината е дека господата претпочитаат умни девојки, но не и такви кои “се знаат и се можат“. Ќе бидете многу попривлечни ако го користите акалот за интересни дискусии и тенко чувство за хумор, отколку да советувате и критикувате. Дури и да си имате свое мислење, не мора да го наметнувате постојано. Никој не сака сезнајковци, било тоа да е маж, или жена, сеедно.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement