Mасажа на допир пред секс може да ја загрее вашата врска или пак да ве приближи меѓусебно, комбинацијата на чувство и допир е екстремно ефективна…
за отворање на интимноста помеѓу двајца луѓе.Тоа е основата како предаваме љубов на ефективен начин.
Исто така масажата е одлична за психолошко ослободување.
Има многу нервни завршетоци кои се наоѓаат по должината на ‘рбетот.
Додека масирате, допирот носи повеќе крв на површината, ја забрзувате абсорбцијата на маслата во кожата и носите поголемо ниво на окситоцин, хормонот кој е потребен во висока мера при процесот на сексуална возбуда.
Масажата е одлична работа на која и мажите и жените треба да посветат посебно внимание. На жените обично им треба внимание кое им нуди комфор за да можат да се предадат на својата интимност.
Додека пак на мажите иако тоа некогаш не им е потребно, сепак со дополнително опуштање меѓусебното поврзување, а подоцна и уживање секако дека ќе биде добредојдено и зголемено.
Сексуалната масажа е одличен начин за да се опуштите и целосно да се посветите на себе.
Најдобро би било да започнете со избирање на масло за масирање, етерично масло (за ароматерапија) со мирис по ваш избор, она што ве привлекува и што мислите дека би ве опуштило.
Започнете ја масажата со мала количина на етерично масло, намачкајте ги вашите дланки со маслото и загреете ги дланките пред да го допрете партнерот. Ладното масло на грбот на партнерот само ќе ја зголеми вкоченоста.
Има неколку основни техники на масажа за ослободување на тензијата, кои се навистина ефективни. На жените најчесто тензијата се собира во вратот, рамењата и горниот дел од грбот, додека пак кај машките на долниот дел од грбот и задникот.
Идејата не е да станете експерт за масажа или масер, ова е само ритуал на опуштање и заведување, па бидете креативни.

You must be logged in to post a comment Login