Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Ова е оргазмот што ќе го памети додека е жив!!!

Треба да се обидете да станете мајстор за орален секс! Мажите едносавно го обожуваат и тоа на сите ни е многу јасно, а на вас останува најважната работа – да му приредите нешто што никогаш до сега не го доживеал. Не е тешко. Потребни ви се вештини кои можете да ги совладате малку со помош на теорија, а малку со помош на пракса. И со оглед на тоа дека секогаш важи правилото дека од многу приказки нема леб, време е да се посветите на конкретни работи и да ги земете во свои раце.

Еве што треба да направите за да му приредите експлозија на страстите и незаборавен оргазам:

Стенкајте – Тоа ќе го зголеми задоволството. Не очекувајте дека тој ќе ужива ако не осети дека и на вас ви се допаѓа она што го правите.

Воспоставете контакт со очите – Не бидете срамежливи. Погледнете го право во очи. Нека види страст!

Зборувајте безобразно – Вистинските зборови се помоќни и од техниката. Машкиот оргазам исто така се случува во главата, а мозокот е најсилната ерогена зона. Најпрво избезумете го шепкајќи му нешто безобразно. Имајте на ум дека не е толку важно што ќе му кажете, туку начинот на кој ќе биде тоа кажано. Опуштете се и уживајте.

Имајте став – Ставот “уживам“ не е доволен. Ставот “го правам ова поради моето задоволство, а не само твоето“, е одличен.

Не брзајте – Брзањето нема никаде да ве однесе. Дури обратно, ќе оставите впечаток дека сакате да завршите со тоа што побрзо. Фокусирајте се и уживајте во секоја секунда.

Не размислувајте – Логиката ги убива емоциите. Страста, емоциите и чувствата треба да бидат она што ќе ве води за време на оралниот секс, а не логиката.

Не заборавајте на тестисите – Покрај пенисот тука има уште нешто. Обидете се да бидете поинакви. Бидете нежни и забавувајте се малку и со тестисите.

Користете раце, устата не е единствениот алат – Употребата на рацете е важна за добар орален секс. Користете масло или лубриканти кои ќе ги вклучите и во предиграта.

Гледајте порно филмови – Има зошто порно индустријата печали милијарди долари. Гледајте, учете, барајте инспирација…

Облечете се секси – Мажите се визуелни типови. Облечете секси долна облека, чипка, подвезици, мрежа и сл.

Играјте со храна – Намачкајте го пенисот со мед, чоколадо, шлаг или нешто друго и нежно лижете како да е тоа лижавче или сладолед. Тоа сите ние знаеме да го правиме нели?

Foto-ilustracija: Foter.com / NeoGAboX

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement