Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Не се заборава вистинската љубов. И сто пати да ти каже „Збогум“

Не се заборава така лесно, не се заборава така брзо онаа љубов што многу ти дала!

Не секоја љубов ти го зема сонот и не секое држење за рака е исто…

Не секоја љубов има сила да се издигне над баналното секојдневие, да те однесе во облаците, да ти покаже што значи душата да ти пее и после да плаче…

Зборувам за онаа љубов што може да засити глад, што може се друго да стави на втор план, онаа љубов што може да измести се и да замени се. Онаа љубов што ќе те натера да кажеш: Ништо друго веќе не ми треба!

Онаа љубов што ќе ти покаже дека: Ако љубов немаш, што друго и да имаш, не е доволно…

И за болката што после ваквата љубов ќе ви остане во грлото и при секое вдишување ќе ве потсетува на се што било, ќе ве потестува на се она што некогаш сте го имале и знаете дека веќе нема да се повтори. Зошто ваква љубов се случува само еднаш во животот…Времето лекува да, но времето никогаш не се враќа назад. Се друго ќе биде само лоша имитација на единствената љубов, утеха дека ќе ја сретнеме повторно…

Заминува со нечуена цена што многу тешко се плаќа… Се она што си вложил, што си дал, дел од себе, срцето, душата, телото, она највредното што го имаме, нема да го вратиме назад. Се што зема носи со себе, не враќа, не продава.

Не ја очекувај во некој друг живот…Еднаш се гори во тој оган!

Не се заборава вистинската љубов. И сто пати да ти каже „Збогум“!!!

Верувајте, кога таа свирепа „мачителка“ што не јаде дел по дел ќе се насели во дното на душите, не прашува: Може ли? Таа останува таму без прашање, без дозвола до моментот во кој суетата ќе ја избрка засекогаш! Тогаш ќе се затвори вратата. И никогаш повеќе нема да дозволи некој да влезе и да го уништи нејзиниот дом. Срцето станува кораво, душата повредена и претпазлива, умот параноичен. Како би можела друга љубов да ја замени првата? Како кога веќе не сме истите?

Во аритметиката на љубовта еден плус еден е СЕ, два минуе еден е ништо.

Во животот треба да има љубов – една голема љубов за цел живот, љубов што ќе ги оправда сите очајни денови, целата болка што сме ја преживеале, надежта и верата. Љубов што ќе ни покаже дека не било залудно чекањето.

За оние што не знаат што е љубовта се им е малку – ја имаат среќата, а го барат рајот. Го имаат рајот, а го бараат небото.

Вистинската љубов носи живот во животот на другиот. Никогаш не си поигрува со срцето и чувствата. Таа те прифаќа таков каков што си и не се обидува да те промени. Таа не суди за грешките, таа простува и се обидува да помогне.

Има љубов што ја чекаш со денови, месеци, седмици и години, а таа никако да дојде, осудена на непостоење…

Кога ќе се случи ти едноставно знаеш дека тоа е ТАА!. Знаеш дека веќе ништо нема да е така како претходно. Знаеш дека дури и ти самиот нема да бидеш веќе истиот, како претходно…

Тоа е вистинската љубов – онаа што останува! И дури евентуално да си замине еден ден, дел од неа останува во пукнатините на срцето и не ни дава мир, не дава да ја заборавиме, измачувајќи не се меланхоличниот ревматизам.

Останува во погледот и во влагата на очите! Останува во соништата ноќе и во спомените. Останува истовремено во минатото, сегашноста и иднината…

Зошто само таа го може тоа!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Многу сопственици на куќи денес, барем оние што можат да дизајнираат свој дом, избираат винарски визби како една од клучните простории… Кога треба да...

Wall Street

Просторот за криптовалути сега вреди над 2 трилиони долари, и сите од производители на автомобили од висока класа до луксузни туристички компании се борат...

Fool Moon

Пинк често се смета за женствена, несериозна, нежна, романтична … но низ историјата ја носеа моќни жени кои беа незаборавни во фустани во различни...

Cotton Club

Новиот простор од 800 квадратни метри ќе го содржи најдоброто од овој бренд, вклучувајќи колекции Ready-to-Wear, чанти, чевли и додатоци. Исто така, ќе содржи...

Advertisement