• Сподели на:

На која возраст од животот сексот е најдобар?

___

Кога станува збор за сексот, секој период од животот има предности и недостатоци. Според
мислењето на многумина, истиот завршува во 40‐тите години, но сексуалниот терапевт Трејс
Кокс вели дека не треба да очајувате.

Тинејџерски години
Во овој период од животот постои голема сексуална возбуда, поради тоа што сексот е една нова
фаза во животот. Првиот оргазам кој се доживува токму во овој период се памети вечно.
„Првиот пат“ се поврзува со губење на невиност, неисполнети очекувања, болка и слични
непријатности.

Дваесетти години
Години на вљубеност, страст и редовен секс, кога многу се екперментира и се усовршува самиот
чин, се токму 20‐тите години. Во овој период ризикот од полово преносливи болести инфекции
е најголем.

Триесетти години
Најчесто овој период од животот го карактеризира создавање на семејство, а сексот во
бременоста може да биде супер. Ова се години кога луѓето најмногу го познаваат своето и
телото на својот партнер, а добро ги познаваат и сексуалните желби. Некои од негативните
страни на сексот во овие години се монотонијата, но и недостатокот на секс кој доаѓа како
резултат на повеќе работни и домашни обврски.

Четириесетти години
Децата се веќе пораснати, а нивните родители имаат време повторно да ги остварат своите
сексуални фантазии и да експериментираат. Блискоста е многу голема, а тоа гарантира добар
секс. Како најголем недостаток кој се појавува кај мажите е проблем со ерекцијата.

Педесетти години
Кога се зборува за овие години, мислењата се поделени. Некои велат дека важно е да се има
вистинскот партнер и да се има правилен став кон сексот. Други пак, велат дека во овие години
луѓето го доживуваат најдобриот секс, бидејќи сè уште се во добра кондиција, немаат никакв
комплекс, имаат повеќе слобода и помалку проблеми. Најголем недостаток се менопаузата кај
жените здравствените проблем кај мажите, што се одразува на сексуалниот живот.


Оставете коментар

___