Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Мојата поинаквост и твојата поинаквост прават исто нешто

Премолчи ме додека одиш и не се враќај никогаш повеќе. Не се враќај, бидејќи ветрот ќе ја одвее нашата љубов. Ме боли зглобот, ме боли како да си тука, а не си.

mojata-poinakvost-i-tvojata-poinakvost-pravat-isto-nesto-001.jpg

И посакувам да беше, а драго ми е што не си. Што немам можност да те уништам со себеси, со својата похотност, копнеж и страст.

Не се враќај, бидејќи тој чин на таа твоја љубов момче, јас не можам да ти ја возвратам. Јас не можам да тргнам по тебе доцна во ноќта за да дојдам да те бакнам. Не сум таква. Ама, мојата поинаквост и твојата поинаквост прават исто нешто. Го прават она што никогаш нема да го имаме.

Брзо пишувам, зборовиве сами излегуваат. Само излегува сето она што горам да ти го кажам. Да се заријам во тебе, а толку не можам. Знаеш дека станува збор за нешто многу поголемо од мене и од тебе. За најголемата јавна тајна. За мене. За некој друг. За некој, кој никогаш нема да биде ти. Убаво што не е. Фала му на Господ што не е. Бидејќи ќе ме полудиш ако беше некој километар поблиску. Барем еден, барем два, барем 10 што се вика. Сакам да беше, или сакав да беше.

Не знам. Не знам. Не знам. Заборавот ме понесува кон тебе, кон нешто што можеби е најправилното нешто што би го направила и најпогрешното. Нешто што ќе ме изгори, прегори, задави и заболи. Како забоболка де.

Сакам, а не сакам. Се двоумам помеѓу реалноста и новиот совршен свет. Ме понесува носталгија, некои нови чувства досега невидени. Ме понесува држењето за рака. Ме понесува желбата да ме бакнеш. Не мојата, туку твојата.

А, помина, замина и не се враќа. Ни километар, ни метар, ни сантиметар. Ништо од сето тоа не се враќа. Не се враќаат мастиките, не се враќаат погледите, држењата, сето она што е забрането.

Не можам да спијам. Некој немир не ме остава. Некоја носталгија за едно минато време, неодамнешно, но сепак минато. Се концентрирам на сегашноста, на забавата, на миговите кои се последни од моите последни денови.

Не е доцна, не е рано. По некоја мисла со брзина на работник во администрација, мрзеливо ќе ми се протегне, ќе ме одмине и ќе замине како да не била тука. Како да не си постоел, како да си бил само производ на мојата имагинација. А фотографиите, спомените, докажуваат дека не си.

Пишувам со брзина на светлината, но ни сама не знам што пишувам. Не знам ни кому му пишувам. Знам само дека на еден навистина патетичен начин ми фалиш. Забрането ми фалиш. Проклето ми фалиш. Носталгично ми фалиш. Ама проклет да си, навистина ми фалиш.

И сега е пладне. Пијам кафе. И те насетувам, во секоја голтка од моето горко, утринско кафе. Те насетувам како сенка, ми се прикрадуваш во меморијата и те горам како лист хартија за да си заминеш и да ме оставиш на мир. А, прстиве не престануваат да типкаат по кутрата тастатура.

Никогаш не искусила вакво нешто – за тастатурата зборувам. Никогаш не почувствувала толку голема желба кон некој. Никогаш толку брзо не пишувала, не исполнувала, не плачела – за себе зборувам.

И време е да го завршам овој мал проект. Оваа мала приказна. Длабока, мала и значајна. Засекогаш. Денес и утре. Овде и „неколку“ километри понатаму. На мој јазик и на твој јазик – на јазикот на љубовта.

Прочитај

Four Seasons

Постојат некои места на нашата планета, кои едноставно содржат повеќе маѓија од останатите. Еден од нив сигурно е Маракеш… Можност да уживате во мир...

Cotton Club

Постојат само два момента кога времето речиси ќе застане – кога сте во карантин и кога секој ден ви изгледа речиси ист, а потоа...

Fine Living

Rimor X јахтата е дизајнирана да ве однесе од едниот до другиот крај на земјата, а нејзиниот ентериер не потсетува на луксузна хај-тек палата,...

Route 66

Бугати Тип 57 и неговите подоцнежни варијанти се моментално најпосакуваните автомобили на светот, барем кога станува збор за вредноста , додека меѓу нив особено...