Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Каква жена си? Ден или ноќ?

Експертите тврдат дека карактерот на една жена може да биде дефиниран многу точно според тоа во кој дел од деноноќието е најактивна. Дали сте дневна или ноќна личност зависи од тоа кога се чувствувате најдобро и кога сте најсконцентрирани. Така на пример некои дами претпочитаат да работат или учат во текот на ноќта, зошто тогаш се најпродуктивни. Други пак се справуваат успешно со своите задачи во раните утрински часови.

Ден или ноќ – што сте вие? Читајте и ќе дознаете…

Ако сте најактивни и свежи меѓу 08ч и 13ч вие сакате да работите во екипа и да ги следите правилата. Не се служите со подли игри и сигурно сте многу добро девојче кое е секогаш спремно да им помогне на останатите. Понекогаш имате проблем со тоа што често имате потреба од одобрување на околината – и ако не го добиете се демотивирате. Поседувате неверојатна префинетост и силно развиена совест па секогаш успевате да излезете од проблемите со чист образ и достоинство.

Дамите кои се чувствуваат најдобро помеѓу 13ч и 18ч не сакаат нагли и брзи промени во животот, затоа и се стремат да не превземаат големи ризици. Во исто време се перфекционисти и не можат да поднесат да им се случи гаф на работа или во приватниот живот. Сакаат работите да ги завршат до крај и сакаат да чувствуваат власт над ситуациите и луѓето.

Девојките кои се најактивни помеѓу 18ч и 24ч имаат постојана потреба да сакаат и да се чувствуваат сакани. Тие тешко се справуваат со животот кога се сами бидејќи така губат мотивација. Склони се да демонстрираат неверојатна самодоверба и на тој начин се обидуваат да се уверат сами себе дека се силна личност. Нивниот проблем е што не поднесуваат критики и не прифаќаат никој да ги подучува.

Ако пак вашата енергија е на врвот помеѓу 00ч и 07 часот значи дека постојано се обидувате да го контролирате животот. И успевате во тоа! Вие сте поразлични од останатите бидејќи не поднесувате рамки и граници. Не сте фан на веќе изодените патишта и досадните правила. Претпочитате да создавате свои и да потчините се на нив. Поседувате силно развиена интуиција и често се раководите само од неа.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom