Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Како изгледа мажот “папучар“ во женските очи?

Се вели дека жените ги сакаат лошите момци, се додека еден од нив не ги повреди. Тогаш се вртат кон оној другиот за кој во македонскиот јазик постои термин “папучар“.

Жива вистина е дека жените тврдат дека ги мразат лошите момци, а летаат по нив како муви без глави, бидејќи ги водат емоциите, а не разумот. Но во некое одредено време, здравиот разум ќе се појави од некаде и почнуваат да го бараат мажот папучар. Но сега мора да појасниме една многу важна работа – жените го интерпретираат поимот папак на еден, а мажите на сосема друг начин. Погледнато од женски агол, мажот може да биде папучар, но тоа не подразбира:

Добар и верен маж кој знае прв да се јави или да прати порака,

Оној за кој не е проблем да признае дека е вљубен,

Мажот кој не се срами да купи цвеќе или тампони ,

Оној кој поради девојката ќе стане среде ноќ, ако нејзе нешто и притреба,

Оној што го разбира значењето на зборот – компромис,

Оној кој отвара врата, го трга столот за да седнеш, оној кој ти го придржува капутот,

Оној кој знае да каже извини кога ќе згреши,

Оној кој евулуирал од времето кога се сметало дека местото на жената е во куња и оној кој не се плаши од правосмукалката и машината за перење,

Оној кој кавгите не ги решава со навреди или физичка сила,

Оној кој има свои пријатели, но сака да остане дома со својата девојка,

Се спротивно на погоре набројаното – тоа е она што ние жените го нарекуваме папак.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement