Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Како да стекнете поголема самодоверба во сексот?

Времето во кое живееме е бомбардирано од поимот на убавината и сѐ што е поврзано со неа, а токму сексуалната самодоверба е поврзана со физичкиот изглед.

Но, она што мора да знаете е дека самодовербата во креветот не мора нужно да биде поврзана со физичкиот изглед, туку станува збор за нешто повеќе.

Сексуалната самодоверба е чувство на удобност во сопствената кожа и истата удобност да успеете да ја изнесете надвор од себе.

Почнете да работите на својот карактер:

Прифатете го фактот дека можете да научите многу повеќе

Уверувањето дека сме родени љубовници е најлошото што можеме да си го направиме себе. Секоја личност има своја желба, ограничувања и секој нов љубовник претставува нов вид на секс. Не треба да се обесхрабрувате ако се чувствувате дека треба да направите ново за вашиот нов љубовник, туку прифатете го фактот дека треба да научите нешто ново.

Уживајте во својата смисла за хумор

Комуникацијата е темел за здравиот сексуален живот, а смислата за хумор го подобрува истиот. Со помош на хуморот и разговорот полесно ќе ги прифаќате сите новини и ќе стекнете поголема самодоверба.

Сакајте го сопственото тело

Ако во главата имате позитивна слика за своето тело, тогаш задоволството во креветот ќе ви биде поголемо, но и ќе имате повеќе самодоверба. Не треба да изгубите некој килограм, ниту да се затегнувате, туку да ја пронајдете убавината на телото.

Барајте позитивни повратни информации во креветот

Комуникациските стилови на партнерите во креветот се разликуваат. Некои отворено разговараат за сексот, а други само уживаат во задоволството. Ако не сте добиле до сега пофалба, бидете слободни и побарајте од вашиот партнер. Сите имаме потреба од засилување и додатни стимул, посебно кога во прашање е сексот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement