Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Како да го преживееш неверството?

Да го уловиш партнерот дека те изневерил не е толку ретко среќавана појава, но сигурно можеме да кажеме дека не е ни малку пријатна.

Ако ти се случи нешто слично, треба да знаеш како да реагираш, за да не направиш грешка во афект, а и да си го зачуваш достоинството. Ти предлагаме неколку чекори за преживување на ужасната случка.

Поплачи си…

Нема друга таква болка како болката од предавството. Оди дома, облечи си пижама и скриј се во кревет. Дај си време да тагуваш и да си поплачеш. После тоа можеш да се налутиш.

Молчи додека гневот не се смирил…

Сосема нормално е да бидеш бесна, но не прави нагли потези за кои покасно можеш да зажалиш. Почекај додека не се сталожиш и повторно размисли дали е добра идеа да објавуваш гневни статуси на фејзбук или да му звониш и да се караш со него. Не заборавај дека така ќе го понижиш него, но и себе.

Погрижи се за себе…

Дури и да ти доаѓа да изедеш цела тегла Нутела, запрашај се дали тоа ќе ти помогне да се чувствуваш подобро. Одговорот е не. Подобро ќе се чувствуваш ако отидеш на фитнес, прошетка, фризер, маникир, шопинг и сл. Биди заобиколена со луѓе кои те сакаат и ценат. Луѓе кои ќе ти посветат доволно внимание, луѓе кои знаат колку вредиш…

Не чепкај во раната…

Веројатно те копка и сакаш да дознаеш што повеќе детали за неверството. Но не паѓај на искушението бидејќи деталите нема да ти помогнат да ја преживееш болката, а ќе те повредат уште повеќе. Затвори ја таа страница и не размислувај излишно за случката. Што и да се случило, верувај дека така требало да биде и дека сигурно е за твое добро. Можеби оваа болна вистина ќе ти ги отвори очите? Или ќе ти покаже кој е вистинскиот пат за тебе…

Биди трпелива зошто нема да ти помине за еден ден…

Наутро ќе се будиш со мислата дека веќе си го надминала предавството, но малку покасно повторно ќе се навратиш на тоа, а емоциите нема да се послаби, туку напротив. Треба да знаеш и да се помириш со фактот дека извесно време ќе се чувствуваш ужасно. Но кога тој период ќе помине ќе бидеш посилна и попредпазлива од претходно и нема да дозволиш да се најдеш во слична ситуација повторно.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement